Арабија торта

Арабија Торта: Совршената Празнична Торта?

Доколку сте во потрага по совршената празнична торта, верувајте ми, оваа арабија торта, богата со суво овошје и чоколаден фил, ќе ве освои со првиот залак.

Миризлива, кремаста и со совршена текстура, оваа торта е вистински погодок за љубителите на десерти со суво овошје.

Подготовката не е воопшто комплицирана, па ќе можете да уживате во преубав, домашен десерт. Јас направив помала, ролат верзија овој пат. Направив една кора која ја поделив на три еднакви дела.

И вие можете вака или пак да си направите поголема торта. Доколку го изберете второ, треба да си ги зголемите состојките соодветно.

Ајде да го разгледаме рецептот заедно за оваа преубава, празнична торта!

Арабија Торта Рецепт

Потребно ви е за корите (1 ваква, ја сечете на три делови):

7 белки

7 лажици шеќер

1 лажица брашно

1 лажица презла

1/2 лажичка печиво

100 гр сечкани смокви

100 гр сечкани урми

100 гр мелени ореви

50 гр ореви

Подготовка:

Се матат белките пенасто. Го додавате шеќерот и матите. Кога ќе се соединат, ги додавате останатите состојки и мешате со лажица.

Префрлувате во тавче со димензии 27×33. Се пече на 180 степени Ц, околу 25 минути. Кога ќе се олади, се сече на три еднакви делови.

За филот:

7 жолтки

7 лажици шеќер

300 мл млеко

1 пудинг од ванила или чоколадо

200 гр путер или маргарин

2 кесички ванилин шеќер

100 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Жолтките, шеќерот, млекото и пудингот ги мешате убаво. На тивок оган, гответе додека не добиете густ крем. Мешате постојано, околу 10 до 15 минути.

Во топлиот фил го додавате путерот, ванилиниот шеќер и чоколадото. Мешајте убаво за да добиете хомогена смеса.

Покријте го кремот со стреч фолија и нека се лади на собна температура а потоа 1 до 2 часа во фрижидер. Кога ќе го извадите од фрижидер, изматете го со миксер.

Ако е прегуст кремот, додајте ладно млеко и изматете повторно да биде поубава смесата за филување.

За составување:

Кора

Фил

Кора

Фил

Кора

Фил

За глазурата:

100 гр чоколадо за готвење

2 лажици масло

Ја премачкувате тортата со стопеното чоколадо измешано со маслото.

Останата декорација, по ваша желба.

Уживајте!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *