Бели Ангели: Совршената Празнична Торта

Бели Ангели: Совршената Празнична Торта

Ако ја барате совршената празнична торта која ќе ве придружува на празничните моменти кои ни предстојат, Бели Ангели тортата е одличен избор.

Не само што името и е празнично, туку и самиот пресек е магичен.

Белата боја преовладува и одличните состојки ја прават тортата уште посовршена.

Зошто да ја Подготвам баш Оваа Торта за Празниците?

Ако сте љубители на кремасти торти, богати со лешници и бело чоколадо, нема да погрешите.

Исто така, постапката е доста лесна, па дури и помалку искусните можат да направат навистина вкусна торта.

Во врска со декорацијата, имате многу опции, може да биде се што посакате.

Јас овој пат искористив од вториот фил што ми остана да премачкам, а за одозгора користев рендана розева чоколада.

Бели Ангели Торта Рецепт

За кората:

10 белки

10 лажици шеќер

1 лажица оцет

Изматете ги пенасто па додајте:

150 гр печени мелени лешници

2 лажици мелени бисквити или Плазма

1 лажица брашно

Смесата префрлете и распоредете ја во 35×40 тавче и печете 30 минути на 120 степени Ц.

Кога ќе се олади, исечете ја на три еднакви делови (ќе излезе како поголемо ролатче)

Фил бр 1

300 мл млеко

5 лажици шеќер

Ставете ги да се готват и да зоврие смесата па додајте претходно изматени 10 жолтки, 4 лажици брашно и 100 мл млеко.

Направете густ крем и покријте го со стреч фолија и нека се олади.

Кога ќе се олади, додајте:

100 гр изматен путер

150 гр изматена слатка павлака

1 кесичка ванила

Измешајте убаво со лажица.

На крај додајте и :

200 гр топена бела чоколада

Фил бр 2

350 гр изматена слатка павлака

100 гр крем сирење

Матете 2 до 3 минути па додајте:

100 гр сецкани лешници

Составете ја тортата вака:

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

На здравје!

Сакате суво овошје во тортите повеќе од лешници?-Нема проблем, еве една прекрасна торта со урми која е навистина извонредна, и на вкус и на изглед!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *