Без Месење: Како да си Направите Леб во Тенџере?

Без Месење: Како да си Направите Леб во Тенџере?

Леб во тенџере кој не треба да го месам? Може!

Домашниот леб е највкусен, тоа е сигурно. Мирисот, вкусот и текстурата не може никогаш куповниот леб да ги достигне.

Но, не секој од нас има слободно време да меси леб секојдневно, па затоа често мораме да го купуваме.

Но, сте слушнале ли за лебот за кој не е потребно месење? Леб кој практично самиот се прави?

Благодарение на овој рецепт, кој стана популарен пред неколку години и ги освои сите, секогаш ќе си имате вкусно и тазе лепче.

Целото семејство ќе ужива, со сигурност!

Зошто Лебот без Месење е Одличен Избор?

  • Брзо се прави-супер за кога немате многу слободно време
  • Совршено за почетниците и помалку искусните во правењето леб-месењето е непотребно во овој случај
  • Неодолива текстура– крцкаво однадвор, а текстурата одвнатре е премека
  • Квалитетни состојки– не се стврднува после само еден ден
  • Одлично се комбинира– оди со путер, крем или џем за појадок или пак со ајварче
  • Може да биде здрав-доколку користите интегрално брашно или некое друго здраво брашно, овој леб е и добар за вас

Леб во Тенџере без Месење Рецепт

Потребно ви е:

900 гр интегрално брашно или друго брашно по ваш избор

600 гр млака вода

100 мл масло за готвење

1 коцка квасец

2 лажички шеќер

2 лажички сол

Подготовка:

Спојте ги состојките да направите тесто. Оставете го да се надигне 1 час.

Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 250 степени Ц. Обложете го тавчето со хартија за печење и потоа префрлете го тестото внатре.

Посипете го со брашно одозгора и покријте го со капак.

Печете 30 минути со капак и 15 минути без.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4500 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

2 Comments

    • Hello Olga, thanks for reaching out. Yes, sure. I’m sending the recipe over in English. Hope you get to make it and share how it turned out.

      No-Knead Bread

      900 grams of flour
      600 grams of lukewarm water
      100 ml of cooking oil
      1 cube of yeast
      2 tsp of sugar
      2 tsp of salt

      Prep:

      Make a fine dough from the ingredients. Leave it to rise for an hour. In the meantime, heat up the oven to 250 degrees C.

      Layer a cooking pot with parchment paper and set the dough inside. Sprinkle the dough with flour.

      Cover it and bake for 30 minutes. Then, remove the cover and bake for 30 more minutes.

      Enjoy!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *