Брза Кокос Торта

Брза Кокос Торта

Готова (буквално) за 15 минути, оваа брза кокос торта со какао е превкусна и заслужува да ја испробате!

Нема никакво печење и потребни ви се само неколку, едноставни состојки кои веројатно веќе ги имате во кујна или барем повеќето од нив.

Кога го видов рецептот кај @martinascooking, веднаш ми се допадна и решив да го испробам. Заследете ја оваа млада девојка на Instagram доколку сакате инспирација за готвење и рецепти!

Тортава е прекрасна-за кратко време имате неодоливо десертче во кое целото семејство ќе ужива.

Одличен избор за домашен десерт за оние моменти кога немате многу слободно време или пак имате, а сакате да си го искористите за одмор наместо да поминувате долги часови во кујната спремајќи.

Јас веќе имам неколку вакви едноставни и брзи десерти споделени на мојот блог, а една од омилените ми е дефинитивно шварцвалд тортата!

Брза Кокос Торта Рецепт

Потребно ви е:

За кората:

300 гр мелени бисквити или Плазма

150 мл вода зовриена со 2 лажици какао

150 мл млеко, сварено

50 гр маргарин/путер, растопен

За филот:

600 мл млеко

150 гр шеќер

150 гр кокос

100 гр гриз

Глазура:

150 гр чоколадо за готвење

100 мл млеко

50 гр маргарин/путер

Подготовка:

За да ја направите кората, измешајте ги бисквитите или Плазмата со какаото, млекото и растопениот маргарин или путер.

Префрлете ја смесата во калап за торти и убаво натапкајте ја од сите страни и на дното да биде еднаква.

За да го направите филот, нека зоврие млекото со шеќерот, па потоа додајте го гризот. Продолжете да варите додека не добиете густа смеса. Тогаш, додајте го кокосот и промешајте.

Префрлете ја смесата врз подлогата.

За глазурата, на пареа растопете ги заедно состојките и мешајте постојано да нема грутки. Смесата ја преливате врз тортата.

Нека отстои во фрижидер и потоа сечете и уживајте!

На здравје.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,000 членови!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *