Брза и Превкусна: Ресана Торта без Печење

Брза и Превкусна: Ресана Торта без Печење

Кога немате многу слободно време, а сакате да си имате вкусен десерт дома во кој ќе уживате после работното време, супер ќе е да си ја знаете оваа ресана торта без печење.

Рецептот е преедноставен и подготовката многу брза и веднаш ме освои кога ја видов на профилот на @Dave’sKitchen и веднаш решив да ја подготвам и јас.

Потребни ви се само неколку лесно достапни состојки и имате вкусен десерт за претстојниот викенд. После подготовката, нека отстои во фрижидер неколку часа или преку ноќ и ќе биде највкусна.

Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно!

Ресана Торта без Печење Рецепт

Потребно ви е:

700 гр ресани (jaffa biskviti) со вкус по ваш избор (намалете ја количината доколку сакате да е помалку блага тортата)

200 гр пишкоти или бисквити

200 мл топло млеко

250 гр путер или маргарин, растопен

200 гр ореви или лешници, сечкани

2 до 3 лажици рум (јас немав рум па користев ликер од малини)

300 мл слатка павлака за декорацијата

Подготовка:

Се сечат ресаните на четири делови. Додајте им ги бисквитие или пишкотите, искршени на помали парченца.

Попарете ги со измешанато топло млеко и маргаринот. На крај ги додавате лешниците и румот или ликерот.

Мешате убаво неколку минути да добиете убаво соединета смеса. Можете да ја формирате со раце или како што направив јас, обликувајте ја во калап по желба.

Ставете да отстои неколку часа во фрижидер или преку ноќ. Наредниот ден, премачкајте ја тортата со претходно изматената слатка павлака.

Останатата декорација е по ваша желба! Јас користев парченца бадем и пишкоти.

Сечете и уживајте!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои скоро 10,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.