Брзи Кокос и Ванила Коцки

Овој рецепт за брзи кокос и ванила коцки е совршениот рецепт за да го испратиме преубавото лето и уште еднаш да се потсетиме на убавите десерти кои ги подготвивме.

Следете не и оваа есен затоа што ви спремаме многу убави, нови рецепти кои ќе можете да ги читате и гледате на блогот и на мојот инстаграм @gotvimesojadranka, а секако и во нашата група на Facebook, Gotvime so Jadranka.

Подготовката е брза, па можете да си ја подготвите уште денес и да си го разубавите викендот. Коцките се толку меки и аромата е преубава заради комбинацијата на кокос и ванила. Верувајте ми, нема да можете да им одолеете!

Сечете ги по желба, дали на помали или поголеми коцки, и ќе гарантираат превкусно уживање, особено ако ги искомбинирате со шолја кафе или чај.

Брзи Кокос и Ванила Коцки Рецепт

За подлогата:

2 чаши јогурт

1 чаша шеќер

1 чаша кокос

1 чаша гриз

1 кесичка прашок за печиво

За преливот:

100 мл вода

3 лажици шеќер

2 кесички ванилин шеќер

За филот:

900 мл млеко

6 лажици шеќер

2 кесички пудинг од ванила или кокос, можете да замените со слатка павлака

2 лажици густин

50 гр кокос

100 гр бело чоколадо

Подготовка:

Измешајте ги јогуртот и шеќерот да се стопи шеќерот. Додајте ги останатите состојки и мешајте уште еднаш, убаво да се соедини. Префрлете ја смесата во премачкано тавче, димензии 20×30. Кората ја печете на 180 C, 20 минути.

Додека се пече, згответе го преливот од вода, шеќер и ванила. Доволно е да проврие и можете да го тргнете да се олади. Испечената кора ја посипувате со преливот, да го впие убаво. Од вкупното млеко, одвојте малку и додајте го шеќерот, пудингот и густинот.

Останатиот дел нека проврие. Кога ќе проврие, додајте ја претходно изматената смеса и згответе го пудингот до крај. Во врелиот пудинг, додајте го кокосот и чоколадото.

Измешајте убаво и посипете врз кората. Израмнете убаво и посипете со кокос за декорација. Сечете по желба и уживајте!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,700 членови!


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *