Чоко Лешник Торта

Чоко Лешник Торта

Совршениот спој на чоколадо и лешник можете да го пронајдете со подготовка на оваа чоко лешник торта.

Корите се сочни затоа што внатре го содржат какао филот кој се подготвува прв. Корите се спојуваат совршено со филовите и како резултат добивате извонреден пресек.

Кремасто уживање за сите обожаватели на чоколадо и лешници, оваа торта многу брзо може да стане вашата омилена. Супер избор за одбележување посебни моменти во вашиот живот, и верувајте ми, нема никогаш да ве остави рамнодушни!

Препорачајте ја на вашиот пријател или роднина што обожава чоколадни торти и ќе ви бидат благодарни!

Ајде сега заедно да го погледнеме рецептот…

Чоко Лешник Торта Рецепт

Фил број 1 (Какао Фил):

100 гр какао во прав

100 мл млеко

100 гр шеќер

Подготовка:

Со лажица, изматете убаво да се соединат состојките. Се става на шпорет, да почне да врие. Околу 2 до 3 минути да продолжи да се готви после вриењето. Постојано мешајте.

Тргнете на страна да се олади убаво.

Потребно за корите (3 вакви):

3 белки

3 лажици шеќер

Малку сол

1 лажица презла

1 лажица брашно

1 лажица од претходно подготвениот и оладен какао фил

3 лажици мелени лешници

Подготовка:

Белките се матат со солта. Додајте го и шеќерот и матете додека не добиете цврста смеса. На крај, додајте ги презлата, брашното, како филот и лешниците и измешајте убаво со лажица.

Префрлете во тавче со број 26 или со димензии 25×25, зависно од обликот кој го сакате. Печете на 200 степени Ц, 10 минути.

Главниот Фил (Фил број 2):

300 мл млеко

4 лажици шеќер

2 пудинга од лешник

9 жолтки

Останато:

200 гр путер

200 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Сите состојки за главниот фил измешајте ги убаво. На тивок оган, гответе ја смесата додека не добиете густ крем, околу 15 минути.

Во уште топлиот крем, додајте го путерот. Мешајте да се растопи целосно и да се спои со кремот.

Оставете го кремот да се олади на собна температура а потоа да отстои 2 часа во фрижидер.

Кога ќе го извадите, изматете го кремот со миксер. Додајте го останатиот дел од филот број 1 и 200 гр чоколадо за готвење.

Фил Број 3

2 шлаг крема од чоколадо

Подготовка:

Изматете го кремот по упатство.

За составување:

Kора

Главен Фил

1/2 од шлаг кремот

Кора

Главен Фил

Преостанатиот шлаг крем

Кора

Главен фил

Можете да ја покриете тортата со чоколадна глазура или изматен шлаг.

Декорација по желба!

На здравје.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,700 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *