Чоколадна Баклава Мотана на Игла

Чоколадна Баклава Мотана на Игла

Ореви и чоколадо се комбинација која не се пропушта, особено кога се искомбинирани во еден од најубавиот десерт на сите времиња, т.е. баклава.

Имам неколку рецепти за баклава споделено со вас како превкусната со мак и редената со ореви, па редно беше да го споделам и овој за неодоливата и една од најпопуларните баклави кај нас: чоколадна баклава мотана на игла.

Нека не ве плаши моментот со игла; таа се користи како помошно средство да се добие необичниот ,,збрчкан” изглед.

Оваа техника овозможува да се добие убава форма која се притиснува од страните кон средината кога ќе се замота целиот ролат за да се може да се згужваат корите.

Потоа се вади иглата, задржувајќи го ролатот, и се сечат краевите. Ја редите во тавчето и потоа се сечат парченца во големина по желба.

Вкусот е неодолив затоа што се топат во уста-јас користев ореви за филот, но вие можете да користите и други состојки, како на пример ф’стаци, бадеми, итн.

Чоколадна Баклава Мотана на Игла Рецепт

За шербетот:

750 гр шеќер

700 мл вода

+

Сок од еден лимон

1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Во тенџерче на загреан шпорет, измешајте ги овие две состојки и гответе 5 минути. Кога ќе зоврие смесата, додајте го лимонот и ванилата. Промешајте и потоа тргнете на страна да се олади убаво.

За корите и филот:

1/2 кг готови кори

400 гр ореви, половина сечкани, половина мелени

200 гр сечкана чоколада за готвење

4 лажици гриз

4 лажици шеќер

Останато:

Подолга игла

Подготовка:

Измешајте ги состојките за филот. Нанесете на долниот дел по хоризонтала по две три лажици од филот. Потоа, ја местите иглата на долниот дел хоризонтално. Почнувате да ја мотате корате кон горе, како за ролат, заедно со иглата.

Кога ќе дојдете до крајот, ја збрчкувате кората кон средината од лево и десно и ја вадите иглата. Повторувате исто со останатите кори. Ги сечете краевите, и ги префрлате во тавче, а потоа ги сечете парчињата во големина по желба.

Стопете:

100 гр маргарин

100 гр масло за јадење

Со оваа смеса, попарете ги баклавите и печете околу 35 до 40 минути на 200 степени Ц.

После печењето, посипете ги со оладениот шербет и декорирајте со стопена чоколада за готвење.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 9500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.