Десерт за 30 Минути: Неодолив Тарт со чоколаден ганаш (без печење)

Десерт за 30 Минути: Неодолив Тарт со Чоколаден Ганаш (без печење)

Врнежливите денови ми се најсовршениот момент за во кујна. Стануваат посебни и незаборавни кога ќе си подготвите убав рецепт, а сите околу вас ќе бидат задоволни, а вие уживате во насмевката на нивното лице…

Овој неодолив тарт со чоколаден ганаш го имав споделено пред неколку месеци во мојата Фејсбук група Gotvime so Jadranka, но толку е превкусен и заслужува да биде и тука на блогот.

Оваа чоколадна фантазија е полн погодок за сите што се љубители на чоколадо и едноставни десерти. Брзата подготовка (за 20 минути ако го правите филот во микро!) е совршена за моментите кога ви се јаде нешто благо, а не ви се работи со часови на подготовката.

Морам да ви кажам и дека овој десерт не се пече и единственото нешто кои што мора да го ,,чекате,, е периодот во кој мора да отстои во фрижидер да се стегне. Но, овој ,,проблем” се решава лесно: си го правите еден ден порано и сите ќе бидат среќни!

Доколку одлучите да го подготвите, не заборавајте да ги споделите вашите фотографии со мене во коментар на овој пост, во коментар на постот во групата, или на мојот инстаграм @gotvimesojadranka.

Ве очекувам!

Благодарам на порталот sezahrana.mk за објавата на овој рецепт-драго ми е што им се допадна и се надевам дека нивните читатели ќе уживаат. Не заборавајте да ги следите на социјалните мрежи за одлични рецепти и кулинарна дружба.

Тарт со Чоколаден Ганаш Рецепт

Потребно:

Плех за тарт

За подлогата:

300 гр. Плазма или мелени бисквити

150 мл млеко 100 гр. маргарин или путер, на собна температура

Сок од 1 портокал

1 кесичка ванила

За филот:

250 мл слатка павлака

250 гр чоколадо за готвење

100 гр млечна чоколада

100 гр путер или маргарин

Подготовка:

Соединете ги состојките убаво. Доколку е премека смесата, додајте уште бисквити, а ако е прегуста, уште малку млеко. Префрлете ја смесата во калапот претходно обложен со проѕирна хартија.

Измијте ги рацете. Натопете ги пак да бидат влажни и распоредете ја подлогата рамномерно и по дното и по страните. Подготовката на филот можете да ја направите или на шпорет или во микро.

Ако се одлучивте за шпоретот, ставете ги сите состојки во тенџерче и гответе на тивко, но внимавајте да не да зоврие. Постојано мешајте.

Ако го правите во микро, ги ставате сите состојки да се топат, околу 5 до 6 минути. Потоа промешувате убаво да се соедини се. Кога се е стопено и убаво соединето, расипувате врз подлогата.

Нека се олади малку па префрлете го тартот во фрижидер. Најдобро е да отстои преку ноќ.

Декорација по желба!

На здравје…

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.