Иако многу луѓе не се големи обожаватели на сувото овошје, јас не сум една од тие-напротив, ги обожавам и се трудам што почесто да ги вклучувам во моите рецепти, особено десертите.
Кога станува збор за сувото овошје во торти, за мене е секогаш супер идеја и ретко кога се погрешен избор.
Убавината на Урмите
Урмите се навистина едно од најпрекрасните суви овошја. Не само што се превкусни, туку и се полни со хранливи состојки што секако ни се потребни за добро здравје.
Нивната природно-леплива структура одлично се спојува во смесата, а благодарение на оревите во филот, ќе добиете фантастични кори.
Зошто да ја Направам ова Торта со Урми и Чоколадо?
Ако и вие сте љубители на сувото овошје, ќе ја обожавате оваа торта во чиј фил доминантно е токму тоа и се надополнува со многу чоколадо.
Оваа торта со урми е одлична, а урмите не само што се прекрасни во текстура, туку и се богати со хранливи состојки кои секако ни се потребни.
Благодарност на нивната природно-леплива структура, одлично се спојуваат во смесата за корите. Плус, тука се и оревите за уште пофантастични кори.
Торта со Урми и Чоколадо Рецепт
За корите:
10 белки
10 лажици шеќер
Изматете ги пенасто, па додајте:
250 гр ореви, 1/2 сецкани, 1/2 мелени
250 гр урми, сецкани
2 лажици брашно
Измешајте се убаво. Префрлете во тавче со димензии 35×40. Распоредете убаво и печете на 120 степени Ц, околу 30 минути.
Направете 2 вакви кори-поделете ја секоја на 2 дела за 4 кори вкупно.
За филот:
20 жолтки
200 гр шеќер
Изматете ги пенасто и гответе ги на пареа, околу 20 минути.
На страна, изматете:
300 гр путер
5 кесички ванилин шеќер
Додајте ги во оладениот фил.
Додајте ги и овие состојки:
200 гр чоколадо за готвење, стопено
200 гр мелени ореви
За да ја составите тортата, филувајте кора па фил, се додека не стигнете до 4тата кора.
Декорирајте по желба.
Уживајте!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4500 членови кои споделуваат извонредни рецепти!