Еврејска Пита (Flodni), Колачот на Кој Никој не може да му Одолее

Еврејска Пита (Flodni), Колачот на Кој Никој не може да му Одолее

Колачот што е познат кај нас на Балканот како Еврејска пита е всушност Flodni-традиционален колач со потекло од Будимпешта.

Денеска, се подготвува низ цела Унгарија и низ целиот свет.

Интересно е дека овој колач е симбол на различностите во Унгарското општество и колку истите можат да бидат убави. Секој од филовите ги претставува различните религии и етникуми кои живеат таму во хармонија.

Некои пак велат дека ги симболизира 4-те годишни времиња според 4-те филови. Без разлика на значењето, вкусот е извонреден.

Со своите 5 кори и 4 различни филови (мак, јаболко, ореви и сливи), можеби бара повеќе време да се подготви, но не е воопшто комплициран, а вкусот е неверојатен.

Зошто да ја Направам Еврејската Пита?

  • филовите создаваат прекрасна мешавина од благо, горчливо и кисело што се надополнуваат едно со друго, создавајќи вистинско уживање
  • секој залак е специфичен за себе и ќе ги почуствувате секој од филовите-во еден момент ја чуствувате киселоста на сочните јаболки, во наредниот го чуствувате јакиот вкус на миризливите ореви
  • супер десерт е за разни прилики-се прави лесно и е соодветен за помалку искусните во кујна
  • одлична комбинација е со кафе или чај

Еврејска Пита Рецепт

За тестото:

500 гр брашно

150 гр путер или маргарин

200 мл млака вода

1 лажица шеќер

20 гр свеж квасец

3 жолтки

Фил бр 1

200 гр мелени ореви

5 лажици шеќер

малку млеко

Фил бр 2

200 гр блендиран мак

2 до 3 лажици џем

4 лажици шеќер

80 мл млеко

Фил бр 3

4 поголеми кисели јаболки

4 до 5 лажици шеќер

1 лажичка цимет

Фил бр 4

5 лажици џем од сливи или кајсии

Подготовка на тестото:

Спојте ги состојките и измешајте убаво околу 10 минути-тестото треба да е меко.

Потоа, поделете го на 5 еднакви делови и покријте со чиста крпа. Нека отстојат 2 часа. Во меѓувреме, направете ги филовите.

Подготовка на филовите:

Фил бр 1

Нека зоврие млекото и потоа попарете ги оревите и шеќерот со него. Не треба да биде прегуста смесата.

Фил бр 2

Измешајте го макот, џемот и шеќерот и попарете ги со млекото.

Фил бр 3

Излупете ги јаболките и исечете ги на кришки. Гответе ги кратко и исцедете го вишокот сок. Измешајте ги со шеќерот и циметот.

Нека се оладат филовите. Размесете ги тестата да бидат во големина на тавчето во кое ќе ги печете.

Наместете го првото тесто внатре и ставете го филот бр 1. Продолжете со редењето тесто и филови. На крај, покријте со петтата кора.

Печете на 180 степени Ц околу 40 минути. Кога ќе се олади малку, можете да сечете по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 5500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

2 Comments

    • Здраво Горица,

      многу ми е драго што одлучивте да ја пробате Еврејската пита по овој рецепт-уживајте.Споделете со нас фотографии како ќе излезе, поздрав

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *