Фереро Рошер Торта

Фереро Рошер Торта

Оваа Фереро Рошер торта ќе ги воодушеви сите љубители на овој познат десерт затоа што филот се прави со наполитанки со лешник кои веднаш ве асоцираат на оваа популарно колаче!

Ќе го добиете тој добро познат и неодолив вкус преку оваа прекрасна торта која е совршен избор за некој посебен момент, како роденден.

Јас ја направив прв пат за роденденот на мојот сопруг пред неколку денови и морам да признаам дека се изненадив колку е прекрасна. Корите се толку сочни што се топат со секој залак затоа што се прскани со чоколадно млеко.

Наполитанките кои се користат за филот се чуствуваат во секое парче и лешникот во корите и филот дава уникатен вкус. Одлична торта за оние кои не сакаат торти што се комплицирани и со безброј филови.

Во оваа торта, навистина се гледа дека убавината е во едноставноста! Пробајте ја уште денес и ќе се уверите и самите во тоа..

Фереро Рошер Торта Рецепт

Потребно:

За корите:

9 јајца

9 лажици шеќер

200 гр чоколадо

200 гр путер/маргарин

9 лажици брашно

1 прашок за печиво

10 лажици мелени лешници

3 лажици презла

Подготовка:

Се матат јајцата и шеќерот пенасто.

Се додаваат претходно растопените чоколадо и путер (оладени) и пак матите, па ги додавате брашното, прашокот за печиво, лешниците и презла. Измешајте со лажица.

Целата смеса поделете ја на три еднакви делови за три кори. Печете ги посебно секоја во тавче број 20×30, околу 15 до 20 минути на 180 степени Ц.

За филот:

500 гр маскарпоне (собна температура)

500 мл слатка павлака (директно од фрижидер)

400 гр Нутела или друг крем по ваш избор (собна температура)

100 гр мелени лешници

100 гр мелени лешник наполитанки

Подготовка:

Се мати слатката павлака и се додаваат маскарпонето и кремот. Убаво изматете со миксер, а потоа додајте ги лешниците и наполитанките и измешајте со лажица.

Кога ќе се оладат корите, испрскајте ги со:

300 мл чоколадно млеко (за сите три кори)

За да ја составите тортата:

Кора

Фил

Кора

Фил

Кора

Фил

Декорација по желба.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.