Гасеница е Најмекото Печиво што сте го Пробале

Гасеница е Најмекото Печиво што сте го Пробале

Иако името звучи необично, гасеница е најмекото печиво што ќе го пробате!

Сигурно многу од вас имаат слушнато за ова печиво, но веројатно не сте го пробале, мислејќи дека е тешко за подготвување.

Но, напротив-прелесно е за правење, а меко е како душа и супер идеја за појадок.

Целото семејство ќе ужива и сигурно ќе сакаат уште по едно парче.

Попозната и како тиртил погача, ова печиво е едно од најчестите што се спрема во Турската кујна и е рецепт што заслужува да го знаеме.

Зошто Гасеница Печивото или Тиртил Погача Мора да ја Пробате?

Со својата мека текстура и интересна и необична презентација која потсетува на гасеница, навистина вреди да се проба.

Најчесто, ова печиво се полни со урда или сирење, но има и многу други опции што можете сами да си ги изберете и да си го направите како ви одговара на вас.

На пример, можете и да си додадете блитва, мелено месо, спанаќ, итн.

Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно!

Гасеница Печиво Рецепт (Тиртил Погача)

Потребно ви е:

500 гр брашно

1 кесичка сув квасец

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

100 мл млеко

100 мл јогурт

100 мл масло

1 јајце

За филот:

300 гр урда или сирење

1 белка, изматена

+1 жолтка, изматена

+сусам и други семки, по желба

Подготовка:

Измешајте ги состојките и измесете меко тесто. Оставете го да отстои 20 минути па потоа поделете го на 2 дела.

Од секој дел, расукајте правоаголна кора која ќе ја премачкате со претходно омекнат маргарин (за двете кори вкупно 150 гр.).

Од долната страна на кората, по должина, распоредете од филот. Од горната страна по должина, направете кратки лентички, засечоци.

Потоа, од долниот дел нагоре, мотајте како ролат-засечениот дел треба да ви дојде одозгора.

Премачкајте со жолтката измешана со две три капки масло. Наросете и сусам или други семки по желба.

Нека отстојат во тавчето околу 30 минути. Потоа печете ги на 200 степени Ц, околу 25 минути.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 5000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *