Грчка Торта-Феноменален Спој на Чоколадо, Ореви и Плазма

Грчка Торта-Феноменален Спој на Чоколадо, Ореви и Плазма

Мислам дека нема некој кој нема пробано Грчка торта-една од најсовршените торти според мене.

Има неодолив и феноменален вкус што се добива со комбинацијата од црно и бело чоколадо, ореви и кршена плазма.

Мислам дека она што најмногу ме освои кај оваа торта е тоа колку убаво се спојуваат листовите со филот и колку е вкусно кога ќе ги почуствувате искршените парчиња плазма и чоколадо низ целото парче торта.

Навистина, потполно уживање е за непцето и сите ќе ја обожаваат, особено оние кои не сакаат преблаги торти, а и за љубителите на чоколадо.

Бела Грчка Торта Рецепт

За корите (3 вакви):

4 белки

4 лажици шеќер

1 лажица оцет

Изматете со миксер.

Додајте:

4 лажици мелена Плазма или мелени бисквити

5 лажици мелени ореви

Префрлете во тава број 20×30. Печете околу 20 минути на 180 степени Ц.

За филот:

600 мл млеко

300 гр шеќер

Ставете ги да зовријат.

Посебно изматете:

200 мл млеко

12 жолтки

8 лажици брашно

Изматете со миксер. Додајте го во млекото. Гответе да добиете густ крем, матете постојано.

Ставете на страна и покријте со стреч фолија да се олади.

300 гр путер, изматен со 4 кесички ванилин шеќер

Во оладениот крем, додајте:

Додајте и:

100 гр сецкана Бела чоколада

100 гр црна чоколада

100 гр сецкани ореви

150 гр сецкана Плазма или ситно скршени бисквити

Составете ја вака:

Кора

Фил

Повторувајте до крај. Завршувате со филот.

Јас ја покрив со 2 шлаг креми од ванила, претходно изматени, според инструкциите на кесичката. Декорирајте по желба…

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 6000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *