Интерконтинентал Торта

Интерконтинентал Торта

Љубов на прво залче-класичната, незаборавната, и превкусната интерконтинентал торта! Ја подготвив неодамна (веќе подолго време ја мислам) и морам да признаам дека е извонредна.

Ваквите класични торти имаат посебна убавина и ме потсетуваат на убави периоди. Корите се меки и одлично споени со преубавите три фила. Бело и црно чоколадо и лешници не може да е лоша комбинација, нели е така?

Напротив, оваа торта ќе ве остави без зборови!

Подготовката можеби бара малку повеќе време, но верувајте ми, вреди. Одличен избор е за посебни моменти и топло ви ја препорачувам.

Интерконтинентал Торта Рецепт

Мојата овој пат беше направена со половина доза како ролат (печено во големо тавче, па поделено на три ленти за трите кори).

За корите (3 вакви):

5 белки

6 лажици шеќер

1 лажица оцет

6 лажици мелени ореви

2 лажици мелени бисквити

1 лажица брашно

Малку прашок за печиво

Подготовка:

Од белките, шеќерот и оцетот матете да добиете густа смеса. Додајте ги оревите, бисквитите, брашното, и прашокот за печиво и промешајте со лажица.

Печете во тава бр. 20×30 или во бр. 26 доколку сакате да биде во облик на круг.

За филот:

1 литар млеко

15 жолтки

10 лажици брашно

10 лажици шеќер

250 гр путер или маргарин

3 кесички ванилин шеќер

Останати состојки:

100 гр црна чоколадо за готвење

100 гр бела чоколада за готвење

100 гр мелени и печени лешници

Подготовкa:

Сите состојки, освен путерот, се матат со миксер и на многу тивок огин се готви смесата да се добие густ крем, околу 10 до 15 минути.

Во топлиот крем се додава путерот и трите ванилини шеќери. Убаво се меша за да се соедини смесата. Покријте ја смесата со стреч фолија и нека се олади убаво на собна температура.

Потоа, нека отстои 2 часа во фрижидер.

Кога ќе го извадите кремот, изматете го убаво со миксер.

Поделете го на три еднакви дела.

Во еден дел додајте 100 гр растопено црно чоколадо. Ова е првиот фил.

Во вториот 100 гр мелени лешници. Ова е вториот фил.

Во третиот 100 гр бело чоколадо за готвење. Ова е третиот фил.

За составување на тортата:

Кора

Фил бр 1

Кора

Фил бр 2

Кора

Фил бр 3

Декорација по желба.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која се ближи до 10,000 членови и се споделуваат извонредни рецепти за сечиј вкус секојдневно!

Leave a Reply

Your email address will not be published.