Јадранка Торта- Чоколадна Фантазија

Јадранка Торта- Чоколадна Фантазија

Пред некое време, за мојот роденден решив да направам една торта која го носи моето име.

И, мислам дека направив супер избор, а ќе се уверите и вие во прекрасниот чоколаден вкус карактеристичен за оваа Јадранка торта.

Најмногу од се ми се допаѓа тоа што листовите совршено се спојуваат со филот, а вкусот и текстурата се навистина прекрасни. Корите со лешници исто така даваат посебна арома.

По првиот залак, веднаш ја додадов на мојата листа на десерти што ќе ги правам почесто.

  • Јадранка Торта- Чоколадна Фантазија
  • Јадранка Торта- Чоколадна Фантазија

Ми се допаѓа и тоа што не е воопшто комплицирана постапката, па и оние помалку искусните ќе добијат супер торта.

Доколку одлучите да ја направите токму оваа вкусна торта, ги очекувам вашите фотографии и искуства!

Јадранка Торта Рецепт

За калап број 24

За корите (3 вакви):

3 белки

3 лажици шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

4 лажици мелени лешници

1 лажица брашно

Подготовка:

Изматете ги белките да добиете цврст крем. Потоа, полека додавајте го шеќерот. Матете уште малку па додајте ги лешниците и брашното.

Соединете убаво со лажица. Потоа, ја префрлате смесата во калапот претходно обложен со хартија за печење.

Печете во загреана рерна на 170 степени Ц, околу 25 минути. Го правите истото за другите 2 кори.

За филот:

700 мл млеко

150 гр темно чоколадо, 60% какао

9 лажици густин

9 жолтки

3 кесички ванилин шеќер

10 лажици шеќер

80 гр путер, претходно отстоен на собна температура

1 шлаг крем од чоколадо

Подготовка:

Половина од млекото, го ставете во тенџере со шеќерот да се вари.

Останатиот дел измешајте го со густинот и жолтките. Додајте го во млекото кога ќе почне да врие и гответе да добиете густ крем.

Мешајте постојано и додека е топло, додајте ја чоколадата. Тргнете на страна и покријте со стреч фолија и нека се лади.

Кога ќе се олади, додајте му претходно изматен путер со ванилиниот шеќер и посебно изматена 1 шлаг крема од чоколадо.

Изматете убаво заедно да добиете хомогена смеса.

За филот за декорација:

250 гр маскарпоне сирење

200 мл слатка павлака

1 желатин, направен според упатството

Подготовка:

Изматете ја павлаката и додајте го маскарпонето и желатинот. Изматете уште еднаш се заедно да се соедини убаво.

За да ја составите тортата:

Кора

1/2 од филот

Кора

1/2 од филот (одделете малку на страна)

Кора

Останатиот дел од филот, размачкајте тенок слој

Маскарпоне кремата (ја премачкувате целата торта)

Останата декорација може по ваш избор.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 6000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *