Кога сте во брзање а сакате вкусен десерт, овие Jaffa бомбици се совршениот избор.
Нема никакво печење и се готови за 30 минути и секој може да си ги подготови. Со само пет едноставни состојки, имате неодоливо вкусни колачиња кои се топат во уста.



Портокалот е најдоминантен и дава прекрасна свежина на десертот со чоколадо и висквити. Одлични за секоја пригода, топло ви ги препорачувам да ги пробате.
Ајде да го погледнеме рецептот заедно!
Брзи Jaffa Бомбици без Печење
Потребно ви е:
300 гр мелени бисквити или Плазма
300 мл сок од портокал, свежо исцеден
3 лажици гриз
5 лажици шеќер
Изрендана кора од 2 портокали
Останати состојки:
50 гр ситно сецкана чоколада
Подготовка:
Сокот од портокал, гризот, и шеќерот се готват на тивко да добиете густ крем. Додајте ги бисквитите и кората. Измешајте и потоа нека се олади убаво. Додајте ја и сецканата чоколада.
Кога ќе се олади смесата, формирајте топчиња. Ги потопувате во глазурата од чоколадо.
Глазура од чоколадо:
200 гр чоколадо за готвење
100 мл масло
Се топат заедно на пареа.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 10,000+ прекрасни членови кои споделуваат извонредни рецепти!