Кадаиф со Ореви и Суво Грозје

Кадаиф со Ореви и Суво Грозје

Ако сте подготвени за благ и крцкав десерт кој се прави лесно и брзо, овој кадаиф со ореви и суво грозје е одлична идеја.

Што е Тоа Кадаиф?

Кадаифот се однесува на тенки Турски нудли кои потсетуваат на шпагети, но се многу потенки, слично на фиде за супа. Тие се прават од брашно и вода и смесата поминува низ соодветен процес за да ја добие уникатната форма.

Потоа се суши и пакува.

Често се користи за подготовка на разни десерти, вклучувајќи ги познатите Турски десерти баклава и канафех.

Кадаиф можете да си купите во најблискиот маркет. Рецептот што ќе го споделам со вас е сличен со оној што се подготвува често во Албанија.

Зошто да го Пробам Овој Рецепт за Кадаиф?

Овој кадаиф ќе биде уште повкусен ако го јадете наредниот ден кога тестото ќе го впие шербетот потполно. Ќе вкусите крцкаво тесто на врвот, а долниот дел е мек и сочен.

Ако сте по благото, овој десерт ќе ве освои!

Кадаиф со Ореви и Суво Грозје Рецепт

Потребно ви е:

1 пакување кадаиф

Префрлете го кадаифот и распоредете го во тава бр. 32. Попрскајте го со 100 гр растопен путер и 100 гр масло.

Нека се пече 15 минути на 200 степени Ц.

За шербетот:

Додека се пече, направете шербет од 800 мл вода и 1 кг шеќер. Нека врие 10 минути и тргнете на страна. Додајте сок од еден лимон на шербетот и 1 кесичка ванила.

Извадете го кадаифот и нека се олади малку, ама не целосно, и попарете го со врелиот шербет. Поросете со сецкани или мелени ореви и суво грозје.

Оставете го десертот преку ноќ за да убаво го впие шербетот. Може да се сече на коцки или на осминки. А можете и да ги направите уште поубави за декорација како што направив јас.

Ги ставив во калапи и потоа ги извадив и така ги сервивав.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 8000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *