Како да си Направите Највкусна Домашна Пица

Како да си Направите Највкусна Домашна Пица

Пица со најмекото тесто?-Секако дека може!

Со овој рецепт за пица, секогаш ќе го имате највкусното тесто многу брзо и лесно.

Ова ќе биде највкусната домашна пица што некогаш сте ја пробале затоа што е без адитиви, а за да ја направите ви требаат само неколку евтини и едноставни состојки кои е можно веќе да ги имате во кујна.

Можете да ја подготвувате заедно со најмилите и да уживате!

Иако некогаш е точно дека заштедуваме време ако купиме готово тесто што е потполно разбирливо, особено кога имаме премногу обврски, кога ќе го видите овој рецепт и сфатите колку брзо се прави превкусно тесто, нема никогаш да се вратите на старото.

Оваа пица ја направив вегетаријанска (без месо) овој пат, но вие можете да си бирате фил по ваш вкус. Викендот може да започне!

Благодарност до YouTube каналот Aurora Recepti за инспирацијата за рецептот🤗💯 Следете ја за уште многу извонредни идеи!

Рецепт за Домашна Пица-Најмекото Тесто без Адитиви

Потребно ви е:

500 гр брашно

250 мл вода

100 мл маслиново

2 лажички сол

2 лажички шеќер

1 коцка квасец или 1 кесичка сув квасец

Подготовка:

Во сад, додајте ги водата, квасецот, шеќерот, солта и малку од брашното. Оставете ја смесата малку да се активира квасецот. Потоа додајте го остатокот од брашното и маслиновото масло и замесете тесто со дрвена лажица.

Тестото треба да биде лепливо и меко, а не претврдо.

Ако премногу го измесите, ќе биде жилаво тестото и кората нема да е убава! Потоа, продолжувате да го оформувате тестото со раце па ја премачкувате топката со масло.

Нека отстои 1 час покриено со стреч фолија. Го префрлувате на набрашнета површина и го делите на два дела или на колку и да сакате (зависно од големината што си ја имате замислено).

Зависно од тавчето во која ќе го печете, со сукало направете тенка кора која ќе биде поголема од дијаметарот за да може да се направат краевите на начинот на кој јас ја подготовив (погледни фотографии). Ако не сакате вака, можете да си ја направите како вие сте замислиле.

Ги превиткувате краевите спирално.

Супер Совет:

Можете и пред да го направите ова, по краевите да наредите замотани парченца од тенко-исецкан кашкавал хоризонтално и вака превиткувањето ќе е уште полесно, а краевите после ќе бидат пресочни.

Потоа премачкувате со доматен сос, ставете кашкавал и моцарела и ги распоредувате печурките и маслинките. Додавате и зачини по желба.

Пред да се пече, премачкајте ги краевите со масло па после печење и пред сервирање уште еднаш затоа што ќе биде уште помека. Можете и да напрскате маслиново и врз филот, пицата ќе биде уште повкусна.

Печете на 250 степени Ц, 10 минути.

За топинзите користев:

200 гр кашкавал

150 гр доматен сос

150 гр моцарела, рендана

Свежи печурки

Кромид, неколку кругови

Шери домати

Маслинки

Зачини по желба

На здравје!

П.С. Ако барате вкусен десерт после оваа сочна пица, топло ви ги препорачувам овие мини Павлови тортички со безе кори!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.