Како да си Направите Тегнета Баница со Вашиот Омилен Фил

Како да си Направите Тегнета Баница со Вашиот Омилен Фил

Ако сте пробале тегнета баница или мазник, знаете за што зборувам-незаменлив вкус, меко тесто кое се топи во уста и мирис кој не се заборава.

Ова е резултат на самото тегнење за да корите бидат доста тенки-ова го прави тестото уште повкусно и посочно.

Ми се допаѓа тоа што можете да го направите во големина која вам ви одговара-можете една голема пита да подготвите или пак да го пресечете тестото кога ќе го замотате и да си направите повеќе помали пити.

Тегнета Баница е Дел од Нашата Традиционална Кујна

Дел од нашата традиција и нешто со кое се гордееме, можам да кажам дека ми е многу драго што го знам рецептот и што можам да го споделам со вас.

Уште веднаш ќе ви кажам дека ,,трикот” за успешно тесто кое лесно се тегне (развлекува) е брашното.

Секогаш е важно да го изберете вистинското брашно и тестото доволно да отстои за да може тегнењето да оди лесно, а вие да уживате во постапката.

Мислам дека е една од најинтересните рецепти и постапки за подготовка и навистина уникатна-сите се посебно изненадени кога ќе видат како се подготвува.

Но, некои пак и се ,,плашат” да пробаат да ја направат мислејќи дека нема да им успее. Верувајте ми-може!

Ви треба само вистинскиот рецепт и неколку видеа од подготовката што исто така ги вклучив во овој рецепт и ќе можете да ги видите подолу.

Тегнета Баница Рецепт

Потребно ви е:

600 гр бело брашно, тип 400

300 до 350 мл вода

100 мл масло

1 лажичка сол

Подготовка:

Замесете меко и убаво тесто од состојките. Најдобро е да отстои 2 до 3 часа, па може и повеќе (подобро ќе се тегне и нема да се кине).

Потоа, поделете го на два дела. Од секое парче, расукајте кора во големина на чинија. Премачкајте го секое со масло и оставете го 10 до 15 минути.

Потоа, почнувате да го тегнете тестото-ова е најдобро да се прави на поголема маса врз чаршаф. Вака лесно ќе се тегне и ќе имате доволно простор да се движите.

Тегнете од сите страни еднакво, додека тестото не ја прикрие целата маса.

Кога ќе го направите ова, посипувате со филот. Може да биде сирење, мелено месо, спанаќ, кисела зелка, итн.

Потоа, доаѓа мојот омилен дел. Го фаќате крајот на чаршафот и го подигате и наведнувате надолу и тестото само ќе почне да се затвара.

Кога ќе стигнете до крајот, ги затворете деловите од тестото каде што не се затвориле убаво и го фаќате едниот крај и го ставате во средина на тавче и го мотате останатиот дел.

Попрскајте со масло и печете на 180 степени Ц, околу 30 минути.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 6500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *