Капучино Торта

Капучино Торта

За роденденот на мојата ќерка подготвив една нова торта која досега ја немам правено и морам да признаам дека беше вистинско изненадување и превкусно уживање.

,,Звездата” на овој прекрасен десерт е капучиното кое и дава преубава арома и го прави едниот од филовите неодоливо кремаст и миризлив.

Топло ви ја препорачувам кога сакате да испробате нова торта која нуди поинакво уживање од она на кое сме навикнати со најпопуларните торти. Корите се премеки и преубави заради лешниците во нив и се спојуваат совршено со двата фила.

Благиот капучино фил е одлична комбинација со вториот шлаг фил и целата торта е преубаво избалансирана.

Капучино Торта Рецепт

За корите (четири вакви):

5 белки

6 лажици шеќер

1 лажица оцет

3 лажици печени и мелени лешници

3 лажици Плазма или мелени бисквити

1/2 лажица брашно

+ 4 лажици капучино

200 мл млеко

Подготовка:

Се матат белките пенасто и се додаваат шеќерот и оцетот и се мати уште еднаш. Потоа ги додавате и брашното, лешниците и плазмата и промешајте убаво со лажица.

Ги печете корите во модла број 26 на 180 степени Ц, околу 20 минути. Го повторувате ова за сите четири кори.

Кога ќе се оладат корите, се попрскуваат со капучиното направено со млекото.

Фил број 1

20 жолтки, изматени

200 гр шеќер

300 мл млеко

3 лажици брашно

300 гр чоколадо за готвење

1 коцка путер

3 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Сите состојки ги матите убаво со миксер (освен путерот и чоколадото). На тивок оган, постојано мешајќи, се готви додека не се добие густ крем. Кога ќе се згусне кремот, веднаш ги додавате путерот и чоколадото. Мешате убаво да се соединат состојките.

Покријте со стреч фолија и нека се олади на собна температура, а потоа ставете го барем 2 часа во фрижидер или да отстои преку ноќ.

Кога ќе го извадите, со миксер изматете ја смесата.

Фил број 2

4 шлаг пени

400 мл млеко, ладно од фрижидер

Подготовка:

Изматете го шлагот заедно со млекото.

За составување на тортата:

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

Кора

Фил бр 1

Фил бр 2

Кора

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 9600+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *