Овие карамел обланди се толку едноставни за подготовка, а ќе ве вратат во детството кога едвај чекавте вашата баба или мајка да ви ги подготви омилените обланди!
За мене, обландите се безвременски десерт и навистина нудат многу начини за експериментирање за вкусови затоа што можете да си го изберете вашиот омилен фил и да направите прекрасен десерт за сите генерации.



Овој пат, јас ги подготвив со преубав карамел фил. Одлична комбинација за секој момент, а посебно за претстојните празнични моменти.
Брза подготовка и супер вкус, овие карамел обланди мора да ги испробате!
Верувајте ми, ќе уживате…
Карамел Обланди Рецепт
Потребно:
1 пакување големи обланди
400 гр шеќер
500 гр кисела павлака
200 гр маргарин
500 гр мелени бисквити, Плазма или можете ореви
2 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
Шеќерот се става да се карамелизира на тивок оган. Внимавајте да не прегори. Кога ќе се стои, го тргнете го на страна и мешајте постојано.
Додајте ја павлаката и продолжете да мешате. Додајте го и маргаринот и измешајте се убаво. На крајот ги додавате бисквитите и мелениот шеќер. Смесата треба да е хомогена.
Ја делите смесата на 4 дела. Ги редите корите една врз друга и измеѓу премачкувате со филот. Последната не се филува.
Притиснете одозгора со тежок предмет за да се спојат корите и филот.
Нека отстојат во фрижидер преку ноќ и потоа сечете по желба.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои скоро 10,700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!