карпати

Карпати Колач, Брз и Вкусен Десерт

Дали сте знаеле дека овој десерт, познат како Карпати колач, потекнува од Полска и дека таму се вика karpatka?

Овој прекрасен десерт е всушност верзија на колачот kremowka што се прави од лиснато тесто.

Денест, Карпати колачот се подготвува насекаде во светот и има неколку различни верзии.

Името го добил поради тоа што горната декорација со шеќер во прав потсетува на снежните врвови на Карпатите.

Кога првпат го видов на интернет, ми изгледаше преинтересно и морав да го пробам.

Колачот не само што излезе уникатен, туку и вкусот е единствен.

Зошто да го Подготвам Овој Десерт?

Доколку сте љубител на еклери и крем пити со ванила и жолти кремови, овој десерт ќе го обожавате.

Кога сме кај филовите, овие што ги користев за овој колач се извонредни-еден е овошен, а другиот Англискиот (добро-познатиот фил за еклери).

Карпати Колач Рецепт

За тестото, потребно ви е:

2 дц вода

Малку сол

125 гр маргарин или путер

200 гр брашно

5 јајца

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во тенџере да се готват, освен брашното и јајцата.

Кога ќе почне да врие смесата, додајте го брашното и промешајте. Тргнете на страна да се олади смесата па додајте ги јајцата, едно по едно.

Изматете ја смесата убаво и поделете ја на 2 дела, т.е. 2 кори (форма по желба) и печете ги 30 минути на 220 степени Ц.

За Англискиот крем:

1 литар млеко

3 пудинга

12 лажици шеќер

125 гр маргарин/путер

Подготовка:

Згответе го млекото, пудинзите и шеќерот. Кога ќе се зготват, тргнете ја смесата на страна.

Кога ќе се олади, додајте го маргаринот/путерот и изматете убаво.

За овошниот фил, потребни ви се:

250 мл вода

250 гр шеќер

450 гр шумско овошје

3 лажици густин

1 желатин, направен според упатство и оставен малку да се стегне

Изматете 2 шлага на страна.

Составете го колачот на следниов начин:

Англиски крем

Овошен фил

Шлаг

Кора

За декорација, користете шеќер во прав за да ја доловите автентичноста на колачот.

Се што преостанува после ова е да уживате во едно парче, со шолја кафе или чај.

На здравје.

Не сте многу по еклерите и по вакви филови и повеќе сте за класична торта? Не грижете се, имам прекрасен рецепт за торта со урми и чоколадо на мојот блог-ќе ви се допадне сигурно!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *