Безе корите ми се едни од омилените и често ги користам за разни торти и десерти. Иако се малку покомплицирани за подготовка, нивниот вкус не може ништо да го замени!
Еден од омилените десерти со овие кори ми е пуслица тортата. Ја подготвувам често затоа што овие кори се преубав спој со кремастиот фил.
Овој пат решив да ги испробам во друг рецепт, т.е., еден летен десерт. За кремот користев пудинг од ванила. Овој десерт добива свежина со додавањето на шумско овошје. Јас користев јагоди и аронија, но вие можете да си изберете малини, капини, или било кое друго ваше омилено овошје.
На мојот инстаграм можете да го видите видеото од подготовката, а тука можете да го прочитате рецептот во целост. Направете си го овој вкусен и необичен десерт уште денес и изненадете ги вашите најмили!


Колач со Безе Кори, Пудинг од Ванила и Шумско Овошје
Потребно ви е:
За безе корите:
300 гр шеќер
6 белки
2 лажици оцет
Подготовка:
Се матат белките пенасто. Постепено се додава и шеќерот и се мати, најмалку 10 минути. На крај додајте го оцетот и изматете.
Префрлете ја смесата во тавче 30×40. Се сушат корите на 100 степени Ц, 2 часа.
За филот:
1 пудинг од ванила (јас користев инстант без варење, го има во Тинекс)
300 мл млеко
6 жолтки
3 лажици шеќер
150 гр кисела павлака
Подготовка:
Пудингот го подготвувате според упатство заедно со млекото. Жолтките со шеќерот ги готвите на пареа, околу 15 минути. Кога ќе се олади, се меша со пудингот. Ја додавате и павлаката и мешате убаво.
Кога ќе се олади кората, ја делите на три делови. Се филува кора, па фил. Измеѓу додавате шумско овошје по желба.
Декорација по ваша желба!
Останати состојки:
1 шолја јагоди
1 шолја аронија
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 10,500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!