Ледена Плазма Рафаело Торта

Ледена Плазма Рафаело Торта

Оваа ледена плазма рафаело торта е совршеното освежување за топливе денови. Kомбинацијата на вкусови и брза подготовка го прават овој десерт неодолив.

Со комбинацијата на плазма и кокос не може да се погреши. Секогаш гарантираат вкусно уживање. Иако ги обожавам тортите со кори и богата комбинација на филови, исто така сакам да испробувам вакви едноставни, но еднакво вкусни десерти.

Ја ,,крстив” ледена затоа што е најубава кога ќе отстои во фрижидер. Потсетува на сладолед, а сепак го добивате кремастиот вкус што се очекува од еден ваков десерт.

Со само неколку состојки, многу од кои сигурно веќе ги имате во кујна, ќе си подготовите преубава тортичка која освежува и има прекрасна арома.

На мојот инстаграм можете да ја погледнете постапката во целост, а секако подолу можете да го прочитате целосниот рецепт со состојките.

Ледена Плазма Рафаело Торта

Потребно ви е:

За подлогата:

150 гр плазма бисквити, потопени во млеко

За филот:

500 мл слатка павлака

100 гр шеќер во прав

400 гр кисела павлака

200 гр кокос

200 гр мелена плазма

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака заедно со шеќерот во прав. Додајте ја киселата павлака и матете уште 2, 3 минути.

Поделете го филот на 2 дела.

Во едниот додајте го кокосот а во другиот мелената плазма. Измешајте убаво.

Во тавче број 24, наредете ги потопените бисквити. Потоа, распоредете го филот со кокос, а потоа оној со плазма.

За декорацијата, нанесете кокос и мелена плазма.

Нека отстои во фрижидер неколку часа или преку ноќ и сечете по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,500 членови!

Leave a Reply

Your email address will not be published.