Лесен Колач со Кајсии

Нема поубаво од домашен десерт, особено кога е со овошје, нели? Ваквите колачи, како овој лесен колач со кајсии, ми се едни од омилените, особено периодов.

Затоа што е многу топло, не ми се поминува многу време пред рерна, па избирам некои рецепти што се полесни и побрзи, а сепак нудат уживање.

Овој колач можете да си го подготвите со било кое друго ваше омилено овошје или овошје во сезона. Јас избрав да се тоа кајсии затоа што беа тазе набрани од дворот.

Ова го прави колачот уште поубав! Дали ќе го комбинирате со ладен чај или со шолја кафе, овој колач ќе ви го разубави денот, тоа е сигурно.

А подолу, ве чека целиот рецепт!

Лесен Колач со Кајсии Рецепт

Потребно ви е:

2 јајца

5 лажици шеќер

100 гр путер, растопен

10 мл јогурт

2 лажици кисела павлака

1/2 кесичка прашок за печиво

1 кесичка ванилин шеќер

180 гр брашно

Останати состојки:

300 гр кајсии, измиени и исчистени, исецкани на помали или поголеми парченца

Подготовка:

Изматете ги првин белките пенасто. Додајте ги и жолтките и шеќерот. Изматете убаво па додајте ги останатите состојки.

Префрлувате во тавче со димензии 30×18. Одозгора ги додавате кајсиите, распоредувајќи ги убаво низ целата смеса.

Печете на 200 степени Ц, 15 минути и уште 30 минути на 170 степени Ц.

Кога ќе се олади малку, сечете по желба. Сервирајте со шеќер во прав, џем од кајсии, итн.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,500+ членови!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *