Лесна Пита со Јаболки и Цимет

Омилената пита во есен и зима ми е дефинитивно оваа лесна пита со јаболки и цимет. Незаменлива арома, превкусна комбинација, и лесна подготовка ја прават совршен рецепт и за помалку и за повеќе искусните во кујна.

Состојките се само неколку и можете да си ја подготвите во било кое време. Одлична е за појадок со чаша топло млеко или чај или како преубав десерт што можете да си го споделите со најмилите.

Лесна Пита со Јаболки и Цимет Рецепт

Потребно ви е:

1/2 кг брашно

250 мл млеко

100 мл масло

2 жолтки

1 кесичка сув квасец

3 лажици шеќер

1 лажичка сол

+ 50 гр омекнат путер

Подготовка:

Замесете меко тесто од овие состојки. Нека отстои 45 минути покриено. Потоа, го делите на два еднакви дела.

Од секој дел расукувате правоаголна кора. Ја премачкувате со 50 гр омекнат путер и се става фил на целата кора. Правите ролат. Истото го правите и со другиот дел.

Ролатот се сече на четири правоаголни дела и ги премачкувате со изматени две белки. Нека отстојат вака 20 минути па ги печете во загреана рерна, 30 до 35 минути на 180 степени Ц.

За филот:

600 гр изрендани јаболки и исцедени

2 лажици шеќер

1 лажичка цимет

1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Ги мешате овие состојки убаво и филот е подготовен.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 9000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.