Магична Новогодишна Трпеза: Соленки со 3 Состојки

Магична Новогодишна Трпеза: Соленки со 3 Состојки

Соленки со 3 состојки?-Може!

Оваа недела, како што ни се приближува празничниот период, решив да ги споделам со вас некои од моите омилени рецепти за да ви биде трпезата уште поубава.

На овој начин, сакам да ви бидам инспирација и да ве мотивирам да испробате нешто ново што ќе биде вкусно, лесно за правење и интересно за целото семејство.

Еден од првите ќе биде овој рецепт за соленки со 3 состојки. Мислам дека сите во семејството се заљубија во вкусот!

Рецептот неодамна почна да се шири на социјалните мрежи, а сликите изгледаа прекрасно. Затоа и решив да ги испробам и јас и верувајте ми, мислам дека ќе ги правам многу, многу често!

Плус, кога ќе прочитате дека нема многу комплицирани состојки, сфаќате дека се супер грицка која не е нездрава опција колку што се чипсовите и некои други куповни продукти.

Зошто да си ги Подготвам Овие Соленки за Празниците?

  • Одлична смеса за новогодишни калапи-доколку имате новогодишни калапи (дедо мраз, елка, снегулки, итн.), можете да си ги направите со нив, ќе бидат уште попразнични, пофотогенични и поинтересни! Доколку немате, можете да си направите форми со врвот на чаша.
  • Вкусот е прекрасен- фетата, путерот и брашното прават смеса што кога ќе се испече е мека, воздушеста и ароматична.
  • Не се скапи-поради тоа што имаат малку состојки, овие соленки не бараат од вас да потрошите голема сума на пари за да уживате во нив.
  • Го задржуваат вкусот- кога ќе ви останат од овие соленки или сте си направиле повеќе и сакате да си тргнете на страна, ставете ги во кутија и ставете ги во замрзнувач. Кога ќе ги извадите, можете директно да си ги јадете затоа што ќе бидат исто меки како кога ги испековте!
  • Брзо се готови-не мора да чекате премногу за да уживате во овие соленки, готови се за кратко.
  • Лесни за подготовка– не мора да бидете некој експерт во кујната за да си ги направите;совршени се и за почетниците.

Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно!

Новогодишни Соленки со 3 Состојки Рецепт

Потребно ви е:

300 гр фета
250 гр путер
300-350 гр брашно
1 јајце, за премачкување
Сол, ако сирењето не е доволно солено

Подготовка:

Изгмечете ја фетата па додајте го путерот (претходно отстоен на собна темп.)

Измешајте убаво заедно да се спои.

Додајте го и брашното и соединете.
Покријте и нека отстои во фрижидер 30 минути.

Потоа, развлечете го убаво тестото, но не премногу.

Почнете да вадите форми.

Редете ги на хартија во тавче за печење и нека отстојат додека рерната не се загрее на 200 степени Ц.

Премачкајте ги со изматеното јајце и посолете со сусам,ким и чиа семе.

На здравје❤

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4500 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *