Како да Направите Меки и Сочни Цимет Ролнички

Како да Направите Меки и Сочни Цимет Ролнички

Дали знаете дека можете да си ги направите највкусните и најмеките цимет ролнички во вашата кујна со само неколку состојки?

Ова печиво е со потекло од Скандинавија и е едно од најчестите печива што можете да ги видите во пекарите таму.

Мислам дека ретко кој може да ги одмине, најмногу поради богатиот вкус и мирис на цимет и глазурата од лимон која дава свежина со секој залак.

Зошто Овие Цимет Ролнички се Супер Идеја за Денес?

Совршена комбинација со чаша млеко за појадок или со чаша чај за вечера, навистина се секогаш одлична идеја. Можете да ги оставите празни или пак да си ги наполните со мармалад или џем.

Она што ми се допаѓа многу во овој рецепт што ќе го споделам со вас е фактот дека можете да ги подготвите од претходниот вечер и да ги ставите во фрижидер па да ги печете наредниот ден.

А и го задржуваат вкусот ако ги ставите во замрзнувач па ги јадете после неколку дена. На овој начин, си подготвувате јадење однапред, супер нели, особено за деновите кога сте позафатени.

Денес, цимет ролничките се прават насекаде во светот, па и кај нас. А еве и како.

Како да Бидете Сигурни дека ќе Бидат Меки и Сочни?

Тајната на совршената текстура на цимет ролничките е во брашното-најдобро е да биде она што го користите за леб.

Цимет Ролнички Рецепт

Потребно ви е:

400 гр брашно (300 гр тип 1100 и 100 гр интегрално)

200 мл млеко

100 мл масло

1 лажичка сол

3 лажички шеќер

1 белка

1/2 коцка квасец

Подготовка:

Замесете меко тесто од состојките и оставете го да одмара 15 минути. Потоа, поделете на 8 делови и секој дел, расукајте го во облик на круг (големина на тацна).

Секое од овие расукани теста, премачкајте ги со путер (150 гр вкупно) претходно отстоен на собна температура. Редете ги едно врз друго.

Последниот дел не го премачкувајте.

Префрлете во фрижидер 20 минути.

Кога ќе ги извадите, расукајте правоаголна кора и премачкајте ги со фил.

Јас користев:

5 лажици мармалад од кајсии

100 гр омекнат путер

1 кесичка цимет

1 кесичка ванила или екстракт од ванила

Завиткајте како ролат, спојте ги краевите да ги затворите и исечете по желба големина.

Исечениот страничен дел од исечените парчиња треба да ви биде одозгора кога ќе ги местите во тавчето.

Нека одмори 30 минути па печете 25 до 30 минути на 200 степени Ц.

Кога ќе се испечат, посипете ги со глазура. Јас користвев сок од лимон и шеќер во прав.

Потребно ви е:

1 белка

200 гр шеќер во прав

Сок од 1/2 лимон

Измешајте со лажица и посипете врз печивото.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4700 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

На здравје!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *