Милка Торта, Највкусното Чоколадно Уживање

Милка Торта, Највкусното Чоколадно Уживање

Мислам дека нема некој кој не ја знае Милка тортата или барем не слушнал за неа. Навистина, кремастиот вкус ја прави неодолива.

Одбрав да ја подготвам овој пат како изненадување за роденденот на мојата постара ќерка и мислам дека направив супер избор.

Супер Торта за Посебните Моменти

Совршен десерт ми е за вакви посебни моменти затоа што сите што ќе ја пробаат ќе го запомнат нејзиниот кремаст и чоколаден вкус (ќе бараат и парче плус!) .

Со секој залак ќе уживате, а посебно љубителите на Милка чоколадите. Секако, доколку имате некое друго омилено чоколадо, можете да го искористите наместо овој бренд.

Тортите ни овозможуваат да ги прилагодиме според нашите вкусови и тоа ги прави уште попривлечни, нели?

Комбинацијата од неколкуте чоколадни филови, лешници и ванилата е полн погодок, па топло ви ја препорачувам.

Сите ќе ја обожаваат, од најмалите до највозрасните!

Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно…

Милка Торта Рецепт

За корите (ќе ви требаат 3 вакви):

Јас ја правев во форма на круг.

5 белки

5 лажици шеќер

Изматете ги со миксер па додајте:

1 лажица оцет

Изматете уште малку па додајте:

100 гр мелени печени лешници

1 лажица брашно

Префрлете ја смесата во тавче бр 26.

Печете 15 до 20 минути на 180-200 степени Ц.

Фил бр 1

500 мл млеко

10 лажици шеќер

Згответе ги да зовријат.

На страна, изматете:

250 мл млеко

3 пудинга од ванила

5 жолтки

Додајте ги во зовриената смеса. Гответе да добиете густ крем.

Покријте го со фолија и нека се лади.

Фил бр 2

10 жолтки

8 лажици шеќер

Изматете ги со миксер па гответе ги на пареа, околу 30 минути на тивко.

Нека се олади смесата убаво.

Фил бр 3

200 гр путер

5 кесички ванилин шеќер

Изматете ги со миксер.

Сега спојте ги сите 3 филови заедно со миксер.

Поделете ги на 2 делови. Во едниот фил, додајте 200 гр бела чоколада Милка, а во другиот 200 гр црна чоколада Милка со лешници.

Изматете и 2 кесички шлаг крем од ванила.

Поделете го на 2 дела и додајте во секој од филовите.

За да ја составите тортата, редете:

Кора

Фил со бело чоколадо

Фил со црно чоколадо

Кора

Продолжувате до крај повторувајќи исто.

Декорација по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 5700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.