Има нешто преубаво во едноставните колачи, како на пример во познатата мрзлива пита (лења пита), се согласувате ли?
Барем за мене, овој колач со задоволство го подготвувам, особено во поладните месеци кога почнува сезоната на највкусните јаболки.
Без вкусни јаболки, овој десерт нема да е тоа што е. Вистинско, меко и сочно уживање за сите генерации.
Плус, лесно се прави, па нема да потрошите многу време, а ни многу пари. Состојките се едноставни и не се прескапи.
Зошто е овој Колач Супер Избор да го Подготвам уште Денес?
Ако јаболките се едно од вашите омилени овошја и нешто што обожавате да го вкусите во десертите, мрзливата пита е правиот избор за вас.
Оди одлично со шолја кафе или чај, а мирисот од ванилата ќе додаде на целата магија на овој колач.
За декорацијата најчесто се користи шеќер во прав, но вие навистина можете да изберете нешто по ваш вкус.
И најмалите во семејството ќе го сакаат колачов затоа што е мек и миризлив.
Ајде да го видиме рецептот заедно!
Мрзлива Пита со Јаболки Рецепт
Потребно ви е:
*тава 20×30
4 јајца
200 гр шеќер (можете да користите и кафеав нерафиниран доколку сакате поздрава варијанта)
200 мл млеко
200 мл масло
20 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванила (можете и екстракт од ванила)
Подготовка:
Првин, изматете ги јајцата со шеќерот па додајте ги и останатите состојки. Измешајте убаво па префрлете една половина од смесата во тава.
Распоредете убаво и печете 10 минути на 180 степени Ц.
Кога ќе фати кора, се вади и се додава претходно направениот фил па врз него другиот дел од кората.
За филот:
1.5 кг јаболки, изрендани
150 гр шеќер
1 кесичка ванила
Овие состојки се мешаат и се динстаат кратко додека не испари течноста од јаболките.
Печете уште 20 минути на 180 степени Ц.
Сечете по желба кога ќе се олади.
За декорација, шеќер во прав е супер, но можете и друго по ваш избор.
На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4500 членови кои споделуваат извонредни рецепти!