,,Мрзлива" Пита со Коприва и Сирење

,,Мрзлива” Пита со Коприва и Сирење

Оваа ,,мрзлива” пита со коприва и сирење ќе ве освои со првиот залак-премека, пресочна и се топи во уста, а комбинацијата на коприва и сирење е извонредна!

Дали за појадок, ужинка или вечера, оваа пита е совршена во секоја смисла-јас обожавам коприва и едвај чекам кога ќе почне пролетта и може да се најде на зелените пазарчиња.

Имам уште еден одличен рецепт за пита со коприва кој можете да го најдете овде.

Топло ви ја препорачувам не само да си ја вклучите во исхраната заради нејзините хранливи вредности, тука и поради фактот дека има преубави вкус и арома кои можат да збогатат различни видови на храна.

Од чорби до пити, има милион и еден начин како да си ја додадете во вашата диета уште денес!

Благодарност до @kuvanje_sa_negicom за споделување на овој рецепт.

,,Мрзлива” Пита со Коприва и Сирење Рецепт

Потребно ви е:

4 јајца

100 мл масло за готвење

400 мл јогурт

7 лажици пченкарно брашно

7 лажици остро брашно

1 до 2 лажички сол

1 кесичка прашок за печиво

Подготовка:

Измешајте ги состојките. Половина од смесата префрлете ја во тавче премачкано со масло или покриено со хартија за печење со димензии 25x 25 или со слични доколку немате такво. Печете на 200 степени Ц, околу 10 минути.

Извадете од рерна и одозгора нанесете го претходно подготвениот фил. Одозгора, расипете го остатокот од тестото.

Вратете на печење, уште 10 до 15 минути.

Сечете по желба!

За филот:

400 гр коприва, измиена и исчистена; издинстана и исцедена (можете и само да ја попарите со врела вода)

350 гр сирење

2 лажици гриз

Сол (можеби и нема да е потребно, зависно од тоа колку е солено сирењето)

Измешајте ја копривата со останатите состојки.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *