Најмеката Штрудла со Крем и Мак

Најмеката Штрудла со Крем и Мак

Оваа лисната штрудла со крем и мак е едно од најмеките теста кои ги имам направено и испробано. Забавна подготовка, преубави состојки, и одлично тесто се само некои од причините зошто вреди да се проба.

Лиснатото тесто ја прави штрудлата да биде превкусна и премека и добивате и извонреден пресек на кој нема да можете да му одолеете.

Интересно е и што можете да си го изберете омилениот фил, иако јас овој пат користем чоколаден крем и мак. Може да биде џем или мармалад од вашето омилено овошје или некој друг омилен намаз или пак цимет.

Одлична со шолја топло кафе, млеко или чај, оваа лисната штрудла е совршениот зимски појадок, десерт или ужинка.

Ајде да го видиме рецептот заедно!

Најмеката Штрудла со Крем и Мак Рецепт

Потребно ви е за тестото:

500 гр брашно

250 мл млеко

1 кесичка сув квасец или 1/2 свеж

50 гр растопен маргарин

100 мл масло

2 лажици шеќер

Прстофат сол

1 цело јајце

1 белка (жолтката ви останува за премачкување)

1 кора од лимон

Кесичка ванилин шеќер

Останати состојки:

100 гр маргарин, отстоен на собна температура

За филот:

Чоколаден крем, 150 гр

100 гр мак, измелен и попарен со 100 мл млеко и 1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Од сите состојки, замесувате меко и хомогено тесто, но да не биде премногу лепливо. Се додава брашно по потреба. Нека отстои 30 до 40 минути.

Потоа се дели на два дела. Двата дела се делат на по четири топчиња.

Секое топче расукајте го во големина на чинија. Премачкајте го секое со маргарин. Редете ги едно врз друго. Последното не се премачкува. Нека отстојат 15 минути.

Од секој дел расукајте правоаголна кора. Филот го нанесувате хоризонтално на долниот дел. Од половина на тестото до другиот крај засекувате лентички.

Мотате како за обичен ролат од делот со филот па нагоре. Лентичките ќе ви дојдат одозгора.

Повторете го истото и со другиот дел, јас за другата половина користев чоколаден крем.

Префрлете во тавче за печење. Нека отстојат 20 минути и премачкајте ги со изматената жолтка. Печете на 200 степени Ц, околу 30 до 35 минути.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *