Еден од Најпознатите и Највкусните Старински Колачи: Како да си Направите Кокошинци

Еден од Најпознатите и Највкусните Старински Колачи: Како да си Направите Кокошинци

Дали сте слушнале за овој старински колач со интересно име? Кокошинци се колачиња кои биле често дел од трпезите на нашите родители и баби и дедовци и биле едни од највкусните!

Го имав запишано во мојата тетратка со рецепти уште одамна од мојата свекрва и пред некое време, кога ги разгледував рецептите што ги имам таму, го видов овој и сфатив дека ги немам правено одамна.

Таа често ги подготвуваше за роденденот на мојот свекор-и секогаш ми беа преубави, а се толку едноставни.

Затоа решив да ги направам пред празниците и можам да ви кажам дека вкусот е токму таков каков што го помнам-сочни, миризливи и крцкави.

Кога станува збор за името, навистина не сум сигурна зошто и како се викаат така-можеби вие ги знаете со некое друго име?

Ми се допаѓа и тоа што се лесни за правење, па можат да бидат ваш избор кога нема ништо благо дома, а би сакале убав десерт.

Кокошинци: Старински Десерт

Потребно ви е:

4 јајца

250 гр шеќер

1 кесичка ванила

Подготовка:

Изматете ги состојките и гответе ги на пареа, да добиете густа смеса, околу 30 минути.

Додајте 250 гр крупно сецкани ореви. Изматете и гответе уште 5 минути.

Со лажичка на претходно намрсена хартија ставајте од смесата да направите бомбици.

Најубаво е кога ќе се подготват 5 до 6 дена однапред за да се исушат природно и да не бидат лепливи, а крцкави.

Се надевам дека ви помогнав како да си направите кокошинци-доколку ги знаете со друго име или пак ги правите на некој ваш уникатен начин, би ми било задоволство да го споделите вашето искуство во коментар!

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 5500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.