Најубавиот Домашен Сок од Јагоди

Ако сте расположени за вистинско освежување и уживање, топло ви го препорачувам да си го направите овој домашен сок од јагоди!

Запишете си го рецептот и спремете си го додека е уште сезона на ова прекрасно здраво и хранливо овошје.

Ми се допаѓа што е вкусен и ви требаат само три состојки, што е доста исплатливо.

Подоготвката е едноставна, само ќе треба да почекате да се олади и да уживате во потполност!

Домашен Сок од Јагоди Рецепт

Потребно ви е:

2 кг јагоди
4 литри вода
400 гр шеќер

Подготовка:

Се мијат и чистат јагодите. Ги ставате во 4те литри вода да зовријат, па потоа гответе уште 20 минути. 

Потоа, директно ги пасирате во тенџерето, со рачен блендер. Сега ќе ја исцедите смесата низ ситна цедалка. 

Вратете пак во тенџерето да зоврие и гответе околу 10 минути. Претходно загрејте шишиња во рерна, на 100 степени, за да се стерилизираат.

Потоа, го префрлувате топлиот сок во шишињата. Оставете ги да се оладат на собна температура.

Кога ќе се оладат, чувајте ги во фрижидер.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka со 8000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.