Најубавите Домашни Крофни

Најубавите Домашни Крофни

Нема повкусно уживање за целото семејство од најубавите домашни крофни.

Меки, сочни и неодоливи, овој рецепт за крофни ќе ве освои. Целосно исполнети од внатре, ви нудат незаборавен вкус и ќе ве потсетат на летните денови поминати на плажа.

Полнете ги со фил по желба, изберете интересна декорација и навистина ќе им се допаднат на сите, од најмалите до највозрасните.

Искористете го слободното време за викендот да си ги направите овие преубави крофни.

Гарантираат задоволство!

Домашни Крофни Рецепт

Потребно ви е за тестото:

700 гр брашно

400 мл топло млеко

2 јајца

50 мл масло

1 квасец

1 лажица шеќер

½ лажичка сол

Подготовка:

Во млекото, додајте ги шеќерот, квасецот и половина од брашното. Измешајте убаво со лажица и постепено додавајте од остатокот брашно а потоа и претходно изматените јајца.

Замесете убаво меко тесто. По потреба, ако тестото е лепливо, се додава уште некоја лажица брашно. Нека отстои 40 минути на собна температура.

Потоа го делите тестото на 16 топчиња. Од секое топче со сукало направете круг со дебелина 1 цм. Со помала модла извадете ја средината, а може и да бидат целосни и тогаш овој дел не мора да се прави.

На набрашнета површина, нека отстојат 15 минути. Превртете ги на другата страна уште 15 минути. Пржете во загреано масло да добијат златно жолта боја од двете страни.

Маслото не треба да биде претопло за да не изгорат од надвор, а да бидат недопржени од внатре.

Ги вадите на хартија да се исцеди вишокот масло.

Декорација по желба. Јас користев глазура за крофни од Лидл.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 9600+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.