Највкусната Торта со Банани (без Печење!)

Највкусната Торта со Банани (без Печење!)

Зарем има поубаво уживање и освежување во летниот период од највкусната торта со банани за која не мора да потрошите неколку часа во подготовка? Мислам дека нема…

Домашните десерти се нешто најубаво, но честопати во лето не ги подготвуваме затоа што не сакаме да поминуваме безброј часови пред топлите рерни.

Ова е највкусната торта со банани што некогаш сте ја пробале: не се пече и постапката е едноставна и брза. Совршен избор е и за оние помалку искусните во кујна!

Јас уживам кога ги подготвувам ваквите десерти (како мојот омилен овошен чизкејк) во овие топли денови, а се надевам и вие!

Ајде сега да го видиме заедно рецептот за оваа вкусна торта со банани со преубава арома на ванила која сите ќе ја обожаваат и лесно ќе стане вашиот омилен летен десерт!

Торта со Банани без Печење Рецепт

Потребно ви е:

400 гр бисквити

6 банани, исецкани на крукчиња

1 литар млеко (+200 мл млеко за топење на бисквитите)

3 пудинзи од ванила

3 лажици густин или брашно

10 лажици шеќер

200 гр путер

4 кесички ванилин шеќер

2 шлаг пени

Подготовка на кремот:

800 мл од млекото ставете го да зоврие со шеќерот. Посебно изматете ги 200 мл млеко со пудинзите и густинот. Префрлете ги во млекото кога ќе зоврие.

Гответе додека не добиете густ крем, околу 5 минути. Кога ќе се олади, додајте го изматениот путер заедно со 4 кесички ванилин шеќер.

За составувањето:

Во плех или модла, наредете слој од бисквити, претходно потопени во млеко. Премачкувате со кремот, па редите банани. Повторно редите бисквити, па крем, па банани. Повторувате додека имате состојки.

За горниот дел:

2 шлаг пени, подготвени по упатство

Премачкувате одозгора и ја чувате во фрижидер.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *