Највкусните Домашни Тулумби

Највкусните Домашни Тулумби

Доколку сте љубител на домашни тулумби и се што содржи шербет и се прашувате дали ќе можете да си ги подготвите во домашни услови, верувајте ми дека со овој рецепт не можете да погрешите!

Иако можеме да купиме тулумби во најблискиот маркет или слаткарница, ќе се согласите со мене дека не можат да ги заменат домашните.

Знам дека многу од вас мислат дека тулумбите се комплицирани за подготовка, верувајте ми, имало моменти кога воопшто не ми излегуваат убави 🙁 !

Но, се е во рецептот и повторувањето!

Испробајте го рецептот неколку пати и ќе видите дека и вие можете да си ги направите најубавите тулумби во кои ќе ужива целото семејство. Состојките се едноставни и постапката не е комплицирана.

Највкусните Домашни Тулумби Рецепт

За тестото:

400 мл вода

4 големи или 5 помали јајца

100 мл масло за готвење

250 гр брашно

Прстофат сол

Прстофат шеќер

Додатно масло за пржење

Подготовка:

Водата и маслото се ставаат да зовријат. Кога ќе зовријат, се додава солта и шеќерот. Се додава брашното и се меша постојано. Треба да добиете хомогена смеса.

Нека се олади смесата, но не премногу, около 15 до 20 минути. Во смесата, ги додавате јајцата едно по едно и месите. Или можете со миксер, полесно е затоа што смесата е леплива.

Тестото треба да биде лепливо, но хомогено. Смесата ја префрлувате во вреќичка за тесто. Ги пуштате формите директно во ладно масло во должина по желба.

Се ставаат на шпорет. Пржете ги додека не добијат златно жолта боја.

Ги префрлувате директно во ладниот шербет штом се испржат.

Ги превртувате убаво да упијат од сите страни. Додајте и неколку кришки лимон во шербетот за убава арома.

За секоја наредна тура, потребно е ладно масло. Можете да го чекате претходното масло да се олади или можете да користите две тенџериња.

На здравје!

За шербетот:

900 гр шеќер

600 мл вода

Сок од 1 лимон

1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Шербетот се прави еден ден порано за да биде целосно оладен.

Се ставаат водата и шеќерот да вријат. Откако ќе зоврие се вари уште 7 минути. Се додаваат ванилата и лимонот и се остава да се олади.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,700 членови!

4 Comments

    • Hello Maria, thank you so much for reading our blog. It means a lot. Hope you enjoy reading and trying out some of our other recipes as well.

      Here is the recipe for the tulumbas. Don’t forget to send us a photo if you try them out.

      The yummiest homemade tulumbas

      For the dough:

      400 ml of water
      4 bigger or 5 smaller eggs
      100 ml of cooking oil
      250 gr flour
      A pinch of salt
      A pinch of sugar
      Additional oil for the frying

      Prep:

      Bring the water and oil to a boil.
      Once they boil, add the salt and sugar and then the flour. Mix continously and vigorously. You need to create a uniform dough. Leave it to cool down, but not
      for too long.
      15 to 20 minutes is enough. Add the eggs to the dough, one by one, and combine everything together.
      It works best when using a mixer because the dough is sticky.
      Transfer the dough into a piping bag. Release the tulumbas into cold oil in the desired length.
      Fry them until they become golden.
      Transfer them into the cooled syrup. Rotate them so that they absorb the syrup well. You can add several slices of lemon to the syrup for a beautiful aroma.
      For the next round of tulumbas, you will need cold oil. You can wait for the previous one to cool down or use two different frying pots.

      For the syrup:

      900 gr sugar
      600 ml water
      Juice from 1 lemon
      1 sachet of vanilla sugar

      Prep:

      Make the syrup one day in advance so that it cools down entirely.
      To make it, bring the water and sugar to a boil.
      Once they reach a boiling point, cook for additional seven minutes.
      Add
      the vanilla and lemon and put it aside to cool down.

      Enjoy!

    • Sure Lubica, thank you so much for reading our blog. It’s a real pleasure! Hope you enjoy our other recipes as well.

      Here’s the recipe in English. Enjoy

      The yummiest homemade tulumbas

      For the dough:

      400 ml of water
      4 bigger or 5 smaller eggs
      100 ml of cooking oil
      250 gr flour
      A pinch of salt
      A pinch of sugar
      Additional oil for the frying

      Prep:

      Bring the water and oil to a boil.
      Once they boil, add the salt and sugar and then the flour. Mix continously and vigorously. You need to create a uniform dough. Leave it to cool down, but not
      for too long.
      15 to 20 minutes is enough. Add the eggs to the dough, one by one, and combine everything together.
      It works best when using a mixer because the dough is sticky.
      Transfer the dough into a piping bag. Release the tulumbas into cold oil in the desired length.
      Fry them until they become golden.
      Transfer them into the cooled syrup. Rotate them so that they absorb the syrup well. You can add several slices of lemon to the syrup for a beautiful aroma.
      For the next round of tulumbas, you will need cold oil. You can wait for the previous one to cool down or use two different frying pots.

      For the syrup:

      900 gr sugar
      600 ml water
      Juice from 1 lemon
      1 sachet of vanilla sugar

      Prep:

      Make the syrup one day in advance so that it cools down entirely.
      To make it, bring the water and sugar to a boil.
      Once they reach a boiling point, cook for additional seven minutes.
      Add
      the vanilla and lemon and put it aside to cool down.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *