Како да Направите Преубави Декупаж Велигденски Јајца

Како да Направите Преубави Декупаж Велигденски Јајца

Една од моите омилени празнични декорации за Велигден е со декупаж техниката-јајцата се прават со декоративни салфети и белки од јајца.

Вака украсените јајца изгледаат преубаво и на прв поглед, можеби ќе помислите дека е тешко да се направат, но верувајте ми, секој може да ги декорира вака затоа што е прелесно!

Крајниот резултат се шармантни и фотогенични Велигденски јајца кои сите ќе ги обожаваат, особено најмладите!

А еве и еден вкусен десерт што може да си го подготвите за Велигденската трпеза.

Декупаж Велигденска Декорација

Првин, купете неколку пакетчиња декоративни салфетки (со цветови, зајчиња, итн.) и по можност да имаат поситни шари (јајцата се обично мали или со средна големина, па нема да можете да ги искористите оние со покрупни шари).

Потоа, ќе ви требаат:

Бели јајца (сварени)

Неколку белки од јајца кои ќе ги користите како лепило

Ножички

Мала четка (оние за боење, средна големина)

Како да декорирате:

Салфетите обично имаат два слоја- одвојте го празниот бел дел и исечете ги шарите кои ви се допаѓаат од другиот дел.

Потоа, скршете неколку белки од јајце и ставете ги во чинија-не ги матете!

Земете едно јајце и ставете една од исечените форми и почнете да ја лепите користејќи ја четкичката и малку белка.

Ставајте ги на страна да се исушат убаво. Повторувајте ја постапката се додека не ги украсите сите јајца кои ги испланиравте за декорација.

Се надевам дека ви се допаѓа овој начин на декорација и ги очекувам вашите фотографии доколку се одлучите да ги декорирате вака.

Среќно!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 10,000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.