Несквик Торта: Уникатна и Кремаста

Несквик Торта: Уникатна и Кремаста

Оваа Несквик торта е уникатно и кремасто уживање на кое не може лесно да се одолее. Сочни кори, преубава комбинација на филови и добропознатата неодолива арома на Несквик која ги освојува сите.

Одличен избор е кога сакате да си одбележите посебни моменти, прослави, родендени, итн. А секако и дека можете да си ја пробате без некој посебен повод доколку сте љубител на торти и на Несквик. Понекогаш, не ни треба посебна причина за убав десерт, нели?

Пресекот е извонреден и привлечен, па така да и оние најприбирливите нема да и најдат маана. Доколку го следите рецептот чекор по чекор, дури и ако сте почетник во правењето торти, ќе имате одлична торта!

Декорацијата е по желба затоа што тука е моментот да ја активираме нашата креативност, а и секако, да ја одбереме најсоодветната опција според моментот.

Несквик Торта Рецепт

За корите (3 вакви ви се потребни):

5 белки

5 лажици шеќер

1 лажица оцет

100 гр ореви, мелени

1 лажица презла

1 лажица брашно

Подготовка:

Пенасто се матат првите три состојки со миксер. Потоа, се додаваат останите и се промешува со лажица. Се префрла во тавче 20 x 30 и се пече на 180 степени Ц, 15 до 20 минути.

Фил бр 1

600 мл млеко

15 жолтки

2 пудинга од ванила

3 лажици брашно

200 гр шеќер

2 кесички ванилин шеќер

250 гр Несквик

150 гр путер

Подготовка:

Се матат жолтките, пудингот, 200 мл млеко и брашното. На страна, зовријте 400 мл млеко и шеќер. Додајте го претходното изматено во зовриената смеса и продолжете да готвите и да добиете густ крем, 5 до 6 минути.

Покријте со стреч фолија и оставете да се олади. Во оладениот крем, додајте посебно изматен путер, Несквикот и ванилата. Изматете убаво да се соедини.

Фил бр 2

2 шлаг кремови од ванила, изматени по упатство

За да ја составите тортата:

Кора

Фил 1

Фил 2

Кора

Фил 1

Фил 2

Кора

Фил 1

Фил 2

Декорација по желба. На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *