Нестле Торта

Нестле Торта

Оваа Нестле торта ќе ги освои сите љубители на кремасти торти и Nestle чоколадите. Превкусно уживање за сите сетила со изобилство од филови.

Корите се меки и миризливи, а оревите создаваат совршена текстура. Мирис на чоколадо, карамела, и ванила е идеална комбинација за десерт.

Денеска е и Национален ден на десертот во Америка, па зошто и ние да не си го одбележиме овој ден со овој преубав десерт?

Оваа Нестле торта е совршениот избор за одбележување на посебен момент во вашиот живот, но и може да биде супер десерт за било која прилика!

Нестле Торта Рецепт

Потребно за корите (3 вакви):

6 белки

6 лажици шеќер

6 лажици мелени ореви

1 лажица гриз или презла

1 лажица брашно

1 лажица оцет

Подготовка:

Изматете ги белките пенасто. Додајте ги шеќерот и оцетот. Матете уште еднаш убаво. Додајте ги презлата, оревите и брашното. Изматете уште еднаш.

Префрлете ја смесата во тавче со димензии 35×25. Печете на 200 степени Ц, околу 20 минути.

Повторете уште два пати за останатите две кори.

Фил бр 1

800 гр млеко

18 жолтки

10 лажици шеќер

2 пудинга од карамела

2 лажици брашно

200 гр путер

200 гр црно чоколадо Nestle

4 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте ги млекото, жолтките, шеќерот, пудингот и брашното и ставете да се готви на тивок оган. Постојано мешајте да добиете густ крем, околу 20 минути.

Во топлиот крем додајте ги чоколадото и путерот и ванилиниот шеќер. Покријте со стреч фолија и нека се лади.

Кога ќе се олади, изматете со миксер.

Фил број 2

250 гр мелени ореви

400 мл млеко

1 пудинг од ванила или карамела

3 лажици шеќер

Подготовка:

Од 200 мл млеко, пудингот и шеќерот, измешајте и гответе на тивко да добиете густ крем. Покријте со стреч фолија и нека се олади целосно.

Останатото млеко загрејте го до вриење и попарете ги оревите со него. Нека се оладат оревите. Кога ќе се оладат и двете смеси, соединете ги.

Изматете ги со миксер.

Фил број 3

400 мл хопла

Изматете по упатство.

За да ја составите тортата:

Кора

1/2 од фил бр 1

1/2 од фил бр 3

Кора

Целиот фил бр 2

Кора

1/2 од фил број 1

1/2 од фил број 3

Декорација по желба. На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,700 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *