Новогодишна Трпеза: Елка од Тесто

Новогодишна Трпеза: Елка од Тесто

Како што веќе спомнав во претходните рецепти, овој период, ќе ги споделувам со вас моите омилени празнични јадења, а едно од нив е дефинитивно оваа елка од тесто.

Првиот рецепт кој многу ви се допадна беа соленките со 3 состојки кои не само што се прават прелесно, туку се незаменливи во вкусот.

Мислам дека уште повеќе ќе ви се допадне овој лесен начин да си направите елка од тесто.

Не само што изгледа преубаво, туку е и одлична идеја за новогодишната трпеза, посебно во комбинација со макала, ајвар, итн.

Се прави лесно, а изгледа преубаво и секој може да си ја подготви за брзо.

Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно!

Како Најлесно да си Направите Елка од Тесто

Потребно ви е:

300 гр интегрално брашно

1 жолтка

50 мл масло за готвење

200 мл топла вода

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

1 лажичка сув квасец

+

Сусам

Мак

Белка од јајце

Подготовка:

Замесете ги убаво состојките да направите меко тесто и нека отстои 15 минути. Потоа, поделете го на 36 мали топчиња.

Половина од топчињата се валкаат во изматена белка и сусам, а другата половина во изматена белка и мак.

Редете ги оформените топчиња во тавче на хартија за печење правејќи форма на елка (триаголник).

Нека постои 15 минути па печете 15-20 минути на 200 степени Ц.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4700 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.