Ориентални Колачиња со Индиски Ореви и Урми (Посни)

Ориентални Колачиња со Индиски Ореви и Урми (Посни)

Овие ориентални колачиња со индиски ореви и урми се извонредни десертчиња. Можете да си ги направите во било кое време. Постапката е многу едноставна и нема никакво печење.

Ова е десерт за 5 минути, буквално!

Соодветен е и за вегани и за оние кои постат. Овие неодоливи брзи колачиња се направени од само неколку едноставни состојки што можете да си ги купите во најблиската продавница. Богати се со суво овошје кое не само што е превкусно во десерти, туку е и хранливо.

Преубав избор се и за вашата празнична трпеза-вкусот и мирисот ќе ги воодушеви сите, а посебно оние кои постат и бараат соодветен десерт и оние кои избегнуваат состојки од животинско потекло.

Брзи, вкусни, и неодоливи, овие ориентални колачиња ќе ве освојат на прв залак!

Ориентални Колачиња со Индиски Ореви и Урми

Потребно ви е:

200 гр урми без семки потопени во топла вода и отстоени 30 минути, исцедени и изблендирани

100 гр несолени индиски ореви

100 гр мелени бисквити или плазма

Сок од 1 портокал

Подготовка:

Од сите состојки, направете хомогена смеса и формирајте облици по желба.

За декорација, јас користев мешавина од топено чоколадо за готвење (бирајте да биде посно доколку постите) и масло за јадење.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 9000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *