Овој освежителен ролат со кокос и чоколадо е совршен за сите оние кои сакаат полесни десерти.
Не само што подготовката е eдноставна, туку и имате едноставни, лесно достапни состојки, а сепак ви ветува загарантирано кремасто уживање.



Брза подготовка на десерти, особено во пролет и лето, ни значи многу затоа што кој навистина има време да поминува долги часови до топлиот шпорет, нели?
Едноставен, освежителен и кремаст ролат е се што ви е потребно за потполно уживање. А еве и како да си го подготвите!
Освежителен Ролат со Кокос и Чоколадо Рецепт
Потребно ви е за кората:
10 белки
10 лажици шеќер
100 гр кокос
2 лажици презла
1 лажица брашно
Малку прашок за печиво
Подготовка:
Изматете ги белките и шеќерот пенасто и додајте ги останатите состојки. Печете во тавче со димензии 40×36, околу 15 до 20 минути на 180 степени Ц.
Кората ја сечете на три еднакви делови да добиете три кори.
За филот:
600 мл млеко
8 лажици шеќер
6 лажици брашно
10 жолтки
4 кесички ванилин шеќер
200 гр чоколадо за готвење
150 гр путер
Подготовка:
Млекото, шеќерот, жолтките и брашното со миксер се матат убаво и на ниска температура се готви околу 15 минути да добиете густ крем.
Во топлиот крем додајте ги чоколадото и путерот и измешајте да се соединат состојките убаво. Покријте со стреч фолија и нека се лади на собна температура.
Потоа ставете го да отстои во фрижидер околу 2 часа.
Изматете го кремот со миксер кога ќе го извадите од фрижидер.
За составување на ролатот:
Kора
Фил
Кора
Фил
Кора
Фил
На крај го покривате ролатот со шлаг крем. Потребни ви се 2 кесички од ванила изматени по упатство.
Она што ви преостанува е да уживате! На здравје.
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 10,000+ прекрасни членови кои споделуваат извонредни рецепти!