Пилешко и Њоки во Сос од Спанаќ и Печурки

Пилешко и Њоки во Сос од Спанаќ и Печурки

Кога сакате лесен, а превкусен ручек, топло ви го препорачувам оваа пилешко и њоки во сос од спанаќ и печурки.

Сосот го прави пилешкото совршено крцкаво однадвор, а меко одвнатре. Во комбинација со њоките, оваа јадење ги задоволува сите вкусови.

Совршен избор е и кога немате многу слободно време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво. Подготовката е брза и лесна.

Кремаст ручек кој гарантирано ќе им се допадне на сите. Додајте си го на вашето мени и никогаш нема да ги повторувате истите оброци во текот на неделата!

Пилешко и Њоки во Сос од Спанаќ и Печурки

За 2 порции:

300 гр бело месо

Претходно маринирано во сол, зачини по желба и маслиново масло

250 гр њоки

1 кромид, ситно исецкан

200 гр свежи печурки, исчистени и исецкани

2 чешниња лук, ситно исецкани

200 мл пилешки бујон

100 гр рендан кашкавал

50 гр пармезан

100 гр спанаќ, измиен и исецкан

Мајчина душица

Оригано

Малку сол

Црн бибер

Подготовка:

На маслиново масло, запржете го пилешкото месо од двете страни. Извадете го од тавчето, а во него додајте уште малку маслиново, лукчето и кромидот. Пропржете ги 2, 3 минути па додајте ги печурките.

Гответе уште толку време. Додајте го пилешкиот бујон и њоките (нив можете и претходно да си ги сварите па да ги додадете). По потреба, ако е прегусто, може да се додаде околу 100 мл вода.

Додајте ги зачините и промешајте. Вратете го и пилешкото во смесата. Гответе околу 10 до 12 минути на средна температура. Додајте го и спанаќот, пармезанот и кашкавалот. Гответе уште 2 до 3 минути.

Исецкајте го месото на поголеми парченца пред служење.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.