Пита од Готови Кори со Спанаќ и Сирење (Интересен Начин на Подготовка!)

Пита од Готови Кори со Спанаќ и Сирење (Интересен Начин на Подготовка!)

Оваа пита од готови кори со спанаќ и сирење се прави на наједноставниот можен начин: сите состојки, вклучувајќи ги и корите (цепкани) се мешаат заедно и потоа се печат.

Готова за 30 минути, за мене оваа пита е преубав, брз а вкусен, појадок или вечера, кога немате многу слободно време, а сакате да подготвите нешто превкусно во кое сите најмили ќе уживаат.

Оваа пита може да си ја подготви секој-соовдветна е и за помалку искусните во кујна. Овој рецепт ви овозможува да бидете креативни. Доколку сакате, можете да си ги вклучите и вашите омилени состојки, не само спанаќ и сирење.

Ајде сега да го видиме рецептот заедно!

Пита од Готови Кори со Спанаќ и Сирење (Интересен Начин на Подготовка!)

Потребно ви е:

500 гр готови кори

300 гр спанаќ

250 гр сирење

200 мл јогурт

1 чаша кисела павлака

100 мл масло за готвење

1 кесичка прашок за печиво

4 јајца

Сол

Подготовка:

Јајцата се матат. Им се додава јогуртот, маслото, павлака, прашокот за печиво, сирењето, и спанаќот (ситно исечкан и измиен, може и бланширан).

Корите се сечат ситно или се цепкаат. Додајте ги во смесата и измешајте убаво.

Се префрла смесата во тавче број 28 и се поросува со сусам, можете и други семки доколку сакате. Се пече на 200 степени Ц, околу 25 до 30 минути.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои скоро 10,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.