Плазма Торта, Кремаста Убавина

Плазма Торта, Кремаста Убавина

Кога станува збор за моите омилени торти, не можам а да не ја спомнам оваа кремаста убавина-плазма торта!

Ја обожавам затоа што изобилува со вкусови кои се надополнуваат и не е претешка за правење.

Зошто Плазма Тортата е Секогаш Супер Идеја?

Во мојот рецепт, користев лешници, иако некаде можете да го сретнете рецептот со ореви. Според мене, лешниците го прават вкусот побогат и текстурата поинтересна.

Kако што и самото име кажува, основата е плазма бисквитот. Може да се каже дека преовладува во тортата, па затоа е совршен избор за оние кои што сакаат плазма.

Исто така, во тортата доминира белата чоколада, што ја прави оваа торта да биде уште поспецифична!

Затоа, ако имате слободно време овие денови или пак ви се јаде некој вкусен десерт, оваа торта е одличен избор.

Пресекот е навистина прекрасен и вреди да се направи.

Ајде да го погледнеме рецептот заедно!

Плазма Торта Рецепт

За корите (ви требаат 3 вакви):

4 белки

7 лажици шеќер

1 лажичка оцет

Изматете ги состојките убаво, па додајте:

70 грама мелен и печен лешник

1 лажица брашно

Изматете уште еднаш убаво.

Ставете ги корите да се печат, во округло или правоаголно тавче, зависно од вашата желба, околу 30 минути.

Фил бр 1

800 мл. млеко

250 грама шеќер

Сварете ги овие состојки па потоа додадете посебно изматени:

200 мл. млеко

12 жолтки

2 пудинга од ванила

5 лажици брашно.

Варете додека не добиете густ крем. Оставете го да се олади. Потоа, додадете:

200 грама изматен путер со 4 кесички ванилин шеќер

100 грама бела чоколада

150 грама плазма мелена

Фил бр 2

250 грама слатка павлака, изматете ја убаво

Додајте:

200 грама кисела павлака

Изматете убаво и додајте 150 гр плазма мелена.

Ако е прегуст филот, додајте околу 100 мл. млеко. Филот треба да може убаво да се размажува, но не да е претечен.

Филувајте на следниов начин:

Кора, 1 фил, 2 фил, кора, 1 фил, 2 фил, кора.

За декорација, јас користев ганаш крем. За да го направите, ви треба:

200 мл. слатка павлака

200 грама бела чоколада

Истопете ја чоколадата и измешајте ја со павлаката.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4500 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *