Полжавчиња од Тесто Полнети со Фета, Сирење и Павлака

Полжавчиња од Тесто Полнети со Фета, Сирење и Павлака

Овие полжавчиња од тесто ќе ве освојат на прва-толку се меки, миризливи и вкусни што ќе ви станат омиленото печиво!

За појадок или за вечера, сите во семеството ќе уживаат во нив. А прекрасниот фил од фета, сирење и павлака ги прави доволно кремасти и лесни за јадење.

Со јогуртче, кефир или пак некој друг напиток по желба, ќе имате потполно уживање. Од срце ви ги препорачувам да си ги направите-не се само фотогенични туку и превкусни.

Домашното печиво е секогаш мој прв избор затоа што си го бирате брашното кое ќе го користите, што значи дека знаете дека сте направиле здрав избор или уште поважно: избор кој вие го контролирате!

Кога еднаш ќе ги пробате, тешко е дека ќе се вратите на куповните печива!

Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно…

Полжавчиња од Тесто Полнети со Фета, Сирење и Павлака

За тестото:

1 кг брашно

2 јајца

200 мл масло

200 мл топло млеко

200 мл топла вода

1 коцка квасец или 2 кесички сув квасец

3 лажички сол

3 лажички шеќер

Подготовка:

Замесете меко тесто од состојките и нека отстои 20 минути.

Поделете го на 2 еднакви делови и од секој дел формирајте 6 топчиња. Секое топче го расукувате во големина на средна чинија.

Премачкајте со маргарин (за сите вкупно 200 гр претходно отстоен на собна температура). Ги редите едно врз друго, 5 делови се премачкуваат, 6-тиот не.

Од секој дел расукајте правоаголна кора и премачкајте со мешавина од 200 гр сирење, 200 гр Фета, и 200 гр павлака и 100 гр маргарин.

Сечете ленти во ширина 1.5 цм. Ги виткате од доле кон горе. Потоа кога ги редите во тавче, страничниот дел доаѓа одозгора.

Премачкајте со жолтка и наросете сусам и други семки по желба. Нека отстојат 20 минути па печете на 200 степени околу 20, 25 минути.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

2 Comments

    • Hi Vita. Here’s the English version for you. Thanks for showing interest in my recipes!

      For the dough:

      A kilo of flour
      2 eggs
      200 ml of cooking oil
      200 ml of warm milk
      200 ml of warm water
      1 cube of yeast or 2 sachets of dry yeast
      3 tsp of salt
      3 tsp of sugar

      Prep:

      Make a fine dough out of the ingredients and leave it to rise for 20 minutes.

      Then, divide it into 2 parts, and from each, form 6 balls. Roll out each ball into the size of a medium plate.

      Spread margarine on each (in total you’ll need 200 grams of room temperature margarine).

      You put the doughs one on top of the other as you go. You spread margarine on each, but not on the 6th, last piece.

      From each part, roll out a rectangular shape and spread it with the filling from 200 grams of regular cheese, 200 grams of Feta cheese, 200 grams of cream cheese, and 100 grams of margarine.

      Cut lengths in the width of 1.5 cm. You roll every length starting from the bottom up.

      When you put them into the baking tray, the side part should come on the top.

      Brush them with a whisked yolk and sprinkle seeds. Wait for 20 minutes before baking them at 200 degrees C, around 20, 25 minutes.

      Enjoy!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *