Посна и Вкусна Бајадера со Смокви

Посна и Вкусна Бајадера со Смокви

Кога ќе кажеме бајадери, сите си го замислуваме оној стандарден вкус што го знаеме и ни е еден од омилените, нели?

Но, покрај стандардниот рецепт, можеме и многу да експериментираме и да си правиме и други комбинации кои се исто така прекрасни.

Една таква поинаква опција е дефинитивно оваа посна бајадера со смокви-супер е за оние кои постат или оние кои избегнуваат да јадат состојки од животинско потекло.

Плус, ако сакате да додавате суво овошје во вашите десерти и сте љубител на смокви, ова може да биде одличен десерт за вас.

Зошто да ја Направам оваа Бајадера со Смокви?

  • може да се направи во посна или мрсна варијанта зависно од состојките кои ќе ги изберете
  • брзо се подготвува и не ви одзема многу време
  • може да стои неколку дена во фрижидер
  • состојките не се прескапи
  • одличен избор е за помалку искусните во кујна
  • вкусот е извонреден!

Посна Бајадера со Смокви Рецепт

Потребно ви е:

150 гр чоколадо за готвење

80 мл масло за готвење

Стопете ги состојките на пареа. Потоа, наместете проѕирна фолија во правоаголна модла со димензии 23 цм на 15 цм и распоредете ја смесата убаво.

Ставете во замрзнувач 10 минути да отстои.

Потоа измешајте ги следниве состојки:

500 гр суви смокви, измелени на машина за месо

сок од 1 портокал

изрендана кора од 1 портокал

Распоредете ја мешавината врз подлогата од чоколадо што ја извадите од замрзнувач.

Потоа, направете шербет од:

150 гр шеќер

100 гр вода

Кога ќе зоврие, гответе 6 до 7 минути.

Додајте:

50 гр маргарин

250 гр бисквити (посни)

Измешајте убаво.

Тргнете на страна. Доколку е многу ретка смесата, додајте уште бисквити, а ако е густо, сок од портокал.

Расипете ја мешавината врз вториот слој и распоредете убаво.

Повторно на пареа стопете:

150 гр чоколадо

80 мл масло

Расипете и распоредете одозгора и израмнете убаво. Префрлете во фрижидер, најубаво да отстои 24 часа.

Сечете ги по желба (јас ги сечев 2.5 цм на 5 цм.).

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4500 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *