Посни Колачиња со Џем од Кајсии и Бело Вино

Посни Колачиња со Џем од Кајсии и Бело Вино

Овие посни колачиња со џем од кајсии и бело вино ќе ве освојат со својата едноставност. Но, и вкусот ќе ве остави без зборови и ќе барате уште едно или две!

Колачињата се премеки, аромата е извонредна, а подготовката наједноставна што може да биде. Можеби ќе ве потсетат на добро-познатите ванилици, но верувајте ми, овие се уште поубави заради состојките.

Иако јас користев домашен џем од кајсии за филот што мислам дека е одлична комбинација во вакви колачиња, вие можете да си го користите вашиот омилен џем или мармалад.

Уште некои состојки ви се потребни и можете да започнето со подготовката! Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно…

Посни Колачиња со Џем од Кајсии и Бело Вино Рецепт

За тестото, потребно ви е:

150 мл бело вино

150 мл масло за готвење

1 кесичка прашок за печиво

1 кесичка ванилин шеќер

2 лажици шеќер

300 гр брашно (плус, минус 50 гр)

Останато:

Џем од кајсии или друг џем или мармалад по избор

Шеќер во прав за валкање на колачињата

1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Се спојуваат сите состојки и се мешаат заедно. Треба да добиете мека смеса. Ја делите на 32 топченца. Притиснете го секое парче да добиете поголем круг.

Нанесувате џем или мармалад по желба на секое кругче.

Го затворате тестото на врвот, како пакетче, за да не излегува филот.

Ги редите во тавче. Се печат 10 до 15 минути на 200 степени Ц. Внимавајте, колачињата треба да бидат побели, не премногу запечени затоа што ќе се изгуби мекоста!

Кога ќе се оладат, после 10 минути, извалкајте ги сите во шеќер во прав. Во шеќерот во прав, додајте една кесичка ванилин шеќер.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,700 членови!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *